Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лишени се од слобода лихвар и неговата сопруга од Неготино
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Лишени се од слобода лихвар и неговата сопруга од Неготино
ХРОНИКА

Лишени се од слобода лихвар и неговата сопруга од Неготино

Објавено October 12, 2025 19:19
Сподели
Сподели

Притвор му бил одреден на неготинец под сомнеж за лихварство, кривична пријава за насилство била поднесена против неговата невенчана сопруга. За ова денеска информираа од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Полициски службеници од ОВР – Неготино ги лишија од слобода С.Н., на возраст од 50 години и неговата невенчана сопруга, 35-годишната Н.А., двајцата од Неготино. Според пријавеното, С.Н. на лице од Неготино пред неколку месеци му дал 2.000 денари, но, бидејќи лицето не успеало на време да ги врати парите со несразмерната камата, му дало накит за да го одложи времето на враќање на парите. Како што е пријавено, на деветти октомври, С.Н и Н.А. отишле во неговиот дом и физички го нападнале, а била турната и неговата сопруга, која се обидела да ги спречи во нападот, појаснија од СВР – Велес.

Како што соопштија оттаму, подоцна, со судска наредба извршен бил претрес во домот на С.Н., при што биле пронајдени и одземени пари во различни апоени и валути, накит, вага, куршуми кои ги поседувал без соодветна документација, патна исправа на друго лице и нотес со запишани белешки.

– Исто така, при преглед кај С.Н. и Н.А. биле пронајдени пари, а откако биле приведени во полициска станица, С.Н. физички нападнал и двајца полициски службеници. Тие се задржани во полициска станица и известен бил јавен обвинител. Против Н.А. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386, а против С.Н. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство”, „лихварство”, „напад врз службено лице” и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје или распрскувачки материјали”, информираа од СВР Велес.

Тој бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор во траење од осум дена, по што бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Каурски п..ки“, „добро е да се биде Албанец“ извикуваа „Балистите“ во Тетово по победата над Србија
Следна Статија Пелистер прослави 80 години од клубот и 40 „Чкембари“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Разбојник со пиштол ограбил продавници за брзи кредити, а оружјето го фрлил во Вардар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за две одвоени кривични…

October 26, 2025
ХРОНИКА

Тајна мрежа за сексуални услуги разбиена во Македонија

Две лица добија кривични пријави за „посредување во вршење проституција“ и „помагање“, соопшти МВР. СВР Тетово поднесе кривична пријава против…

February 16, 2026
ХРОНИКА

Предметот за убиството на Вања и Панче треба да се врати во фаза на истрага, вели бранителот на Видевски

Предметот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, според бранителот на еден од обвинетите Боре Видевски, адвокат Бојан Манев,…

April 16, 2025
ХРОНИКА

Адвокатот Ефремов: Кешишев бил во состојба на потчинетот во однос на Палевски

Игор Ефремов, адвокат на обвинетот Влатко Кешишев тврди дека неговиот клиент не учествувал во никакво грабнување а уште помалку во…

April 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?