Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Локални избори 2025: Последен ден за поднесување кандидатури за градоначалници и членови на совет до Општинските изборни комисии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Локални избори 2025: Последен ден за поднесување кандидатури за градоначалници и членови на совет до Општинските изборни комисии
ПОЛИТИКА

Локални избори 2025: Последен ден за поднесување кандидатури за градоначалници и членови на совет до Општинските изборни комисии

Објавено September 13, 2025 09:06
Сподели
Сподели

Сите оние кои што сакаат да се кандидираат на Локалните избори 2025 година закажани за 19 октомври, своите кандидатури за градоначалници и листите на кандидати за членови на советите во 80 општини и Градот Скопје тоа ќе можат да го направат преку своите овластени предлагачи до полноќ во просториите на Општинските изборни комисии (ОИК) и Изборната комисија на Град Скопје (ИКГС).

ОИК по приемот на листата на кандидати, утврдува дали таа е поднесена во утврдениот рок и составена во согласност со одредбите на Изборниот законик, како и дали кандидатите за градоначалник ги исполнуваат условите предвидени во член 7 став 2, 3 и 4 од Изборниот законик, преку проверка на податоците во соодветните регистри и евиденции на надлежните институции. Институциите кои ги поседуваат податоците за исполнетост на условите се должни да ги достават во електронска форма на комисијата во рок од 24 часа од приемот на барањето без никаков надомест.

Според Роковникот за изборни дејствија на ДИК, ако ОИК или ИКГС утврди дека листата е поднесена во определениот рок и е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик, поднесената листа ќе ја потврди со решение веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа. Доколку се утврди дека во листата има одделни неправилности, ОИК/ИКГС ќе го повика овластениот претставник на подносителот на листата да ги отстрани неправилностите во рок од 48 часа од приемот на известувањето на комисијата за неправилностите. Листата ќе биде потврдена со решение доколку во законскиот рок се отстранат овие неправилности.

Во случај на неправилности од членот 67 став (2) од Изборниот законик, подносителот на листата може да го замени предложениот кандидат што не ги исполнува условите со нов кандидат во истиот рок од 48 часа и за истиот е должен
самиот да ги обезбеди доказите за исполнување на условите предвидени во член 7 став (2), (3) и (4) од Изборниот законик.

Подносителите на листи или кандидатура можат преку своите овластени претставници да поднесат писмено барање за повлекување на листата односно кандидатурата во рок од 48 часа од донесување на решението за потврдување на
конечните листи од согласно членот 67 став (5) од Изборниот законик. Кога се работи за повлекување на кандидатската листа истата единствено може да се повлече во целост.

Листа на кандидат за градоначалник односно листа на кандидати за членови на совет, кои се поднесени од ист подносител добиваат ист реден број во сите општини и градот Скопје. Редоследот на кандидати во листата на кандидати, ДИК го утврдува со ждрепка и тој број е ист во сите општини и градот Скопје, a во општината односно градот Скопје каде нема да има свој претставник, соодветниот број на подносителот на листата ќе биде изоставен и на негово место ќе биде
напишан редниот број на наредниот носител без оставање на празно место. Листите на кандидат/и предложени од коалиција предводена од една иста политичка партија, без разлика на бројот на политичките партии во коалицијата во различни општини односно градот Скопје, имаат ист реден број.

ДИК во соработка со ОИК/ИКГС, за активностите што ќе ги превземе во согласност со Изборниот законик, задолжително претходно ги известува овластените претставници на подносителите на листите.

Ждрепката за утврдување на единствена листа на кандидат/и ДИК ќе ја одржи најдоцна на 25 септември. Најдоцна еден ден пред одржување на ждрепката ДИК и ОИК/ИКГС ги известуваат овластените претставници за одржување на ждрепката.

ОИК / ИКГС утврдената единствена листа на кандидат/и ќе ги огласи најдоцна 23 дена пред денот определен за одржување на изборите во сите населени места и на избирачките места во општината. Утврдените листи на кандидат/и во општините во кои најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се објавуваат покрај на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на службениот јазик и писмо што го употребуваат
граѓаните во таа општина, најдоцна на 25 септември, до 24:00часот.

Најдоцна до 27 септември, пак, политичките партии учесници во изборниот процес, потпишуваат Кодекс за фер и демократски избори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ангелов: Се затрупува критичниот дел од Дрисла, чадењето сè уште присутно
Следна Статија Вардар ја победи Македонија ЃП: Црвено-црните се искачија на лидерската позиција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Сиљановска Давкова: Од Фон дер Лајен очекувам креативни решенија за консензусот во ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која денеска треба да се сретне со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, изјави…

October 15, 2025
ПОЛИТИКА

Кузеска: Учениците без учебници, владата се гоштева со ф’стаци и бадеми – Јаневска да понесе одговорност

СДСМ остро ја критикува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и министерката за образование Весна Јаневска поради, како што велат, целосен колапс…

September 23, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО ДПМНЕ: Наместо да го чисти сметот, Арсовска прави „селфи“ пред Влада

ВМРО-ДПМНЕ излезе со коментар на фотографијата што денеска се појави на социијалните на која градоначалничката на Скопје Данела Арсовска прави…

October 22, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Ние ќе ги решаваме проблемите на скопјани, оваа битка не е само битка за поубави и почисти улици и паркови, ова е битка за душата на нашиот главен град

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори, се обрати од вчерашниот народен митинг,…

October 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?