Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Локални избори 2025: Последен ден за поднесување кандидатури за градоначалници и членови на совет до Општинските изборни комисии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Локални избори 2025: Последен ден за поднесување кандидатури за градоначалници и членови на совет до Општинските изборни комисии
ПОЛИТИКА

Локални избори 2025: Последен ден за поднесување кандидатури за градоначалници и членови на совет до Општинските изборни комисии

Објавено September 13, 2025 09:06
Сподели
Сподели

Сите оние кои што сакаат да се кандидираат на Локалните избори 2025 година закажани за 19 октомври, своите кандидатури за градоначалници и листите на кандидати за членови на советите во 80 општини и Градот Скопје тоа ќе можат да го направат преку своите овластени предлагачи до полноќ во просториите на Општинските изборни комисии (ОИК) и Изборната комисија на Град Скопје (ИКГС).

ОИК по приемот на листата на кандидати, утврдува дали таа е поднесена во утврдениот рок и составена во согласност со одредбите на Изборниот законик, како и дали кандидатите за градоначалник ги исполнуваат условите предвидени во член 7 став 2, 3 и 4 од Изборниот законик, преку проверка на податоците во соодветните регистри и евиденции на надлежните институции. Институциите кои ги поседуваат податоците за исполнетост на условите се должни да ги достават во електронска форма на комисијата во рок од 24 часа од приемот на барањето без никаков надомест.

Според Роковникот за изборни дејствија на ДИК, ако ОИК или ИКГС утврди дека листата е поднесена во определениот рок и е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик, поднесената листа ќе ја потврди со решение веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа. Доколку се утврди дека во листата има одделни неправилности, ОИК/ИКГС ќе го повика овластениот претставник на подносителот на листата да ги отстрани неправилностите во рок од 48 часа од приемот на известувањето на комисијата за неправилностите. Листата ќе биде потврдена со решение доколку во законскиот рок се отстранат овие неправилности.

Во случај на неправилности од членот 67 став (2) од Изборниот законик, подносителот на листата може да го замени предложениот кандидат што не ги исполнува условите со нов кандидат во истиот рок од 48 часа и за истиот е должен
самиот да ги обезбеди доказите за исполнување на условите предвидени во член 7 став (2), (3) и (4) од Изборниот законик.

Подносителите на листи или кандидатура можат преку своите овластени претставници да поднесат писмено барање за повлекување на листата односно кандидатурата во рок од 48 часа од донесување на решението за потврдување на
конечните листи од согласно членот 67 став (5) од Изборниот законик. Кога се работи за повлекување на кандидатската листа истата единствено може да се повлече во целост.

Листа на кандидат за градоначалник односно листа на кандидати за членови на совет, кои се поднесени од ист подносител добиваат ист реден број во сите општини и градот Скопје. Редоследот на кандидати во листата на кандидати, ДИК го утврдува со ждрепка и тој број е ист во сите општини и градот Скопје, a во општината односно градот Скопје каде нема да има свој претставник, соодветниот број на подносителот на листата ќе биде изоставен и на негово место ќе биде
напишан редниот број на наредниот носител без оставање на празно место. Листите на кандидат/и предложени од коалиција предводена од една иста политичка партија, без разлика на бројот на политичките партии во коалицијата во различни општини односно градот Скопје, имаат ист реден број.

ДИК во соработка со ОИК/ИКГС, за активностите што ќе ги превземе во согласност со Изборниот законик, задолжително претходно ги известува овластените претставници на подносителите на листите.

Ждрепката за утврдување на единствена листа на кандидат/и ДИК ќе ја одржи најдоцна на 25 септември. Најдоцна еден ден пред одржување на ждрепката ДИК и ОИК/ИКГС ги известуваат овластените претставници за одржување на ждрепката.

ОИК / ИКГС утврдената единствена листа на кандидат/и ќе ги огласи најдоцна 23 дена пред денот определен за одржување на изборите во сите населени места и на избирачките места во општината. Утврдените листи на кандидат/и во општините во кои најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се објавуваат покрај на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на службениот јазик и писмо што го употребуваат
граѓаните во таа општина, најдоцна на 25 септември, до 24:00часот.

Најдоцна до 27 септември, пак, политичките партии учесници во изборниот процес, потпишуваат Кодекс за фер и демократски избори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ангелов: Се затрупува критичниот дел од Дрисла, чадењето сè уште присутно
Следна Статија Вардар ја победи Македонија ЃП: Црвено-црните се искачија на лидерската позиција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Наместо луксуз на власта со авиони, да се пренаменат пари за 600 евра минимална плата

Животот во Македонија станува сѐ поскап, работниците едвај врзуваат крај со крај а власта сѐ луксузира врз грбот на народот,…

February 21, 2026
ПОЛИТИКА

35 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, “Идеја што не запира, вредности што носат промени”

Вечерва по повод 35 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, во Битола се одржува прослава под насловот “Идеја што не запира,…

June 17, 2025
ПОЛИТИКА

Андоновска: Дали Оливер Спасовски се јавувал во СВР Штип и барал да се р’же на полицијата во Кочани за спас на газдата на дискотеката Пулс? Што кријат ЈО и Коцевски?

Дали Оливер Спасовски се јавувал во СВР Штип и барал да се р’же на полицијата во Кочани за спас на…

October 12, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Без техничка влада нема ниту минимални услови за фер избори

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, денеска јасно порача дека укинувањето на техничката влада значи директен удар врз можноста…

January 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?