Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лувр ја процени вредноста на украдените експонати на 88 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Лувр ја процени вредноста на украдените експонати на 88 милиони евра
СВЕТ

Лувр ја процени вредноста на украдените експонати на 88 милиони евра

Објавено October 22, 2025 08:46
Сподели
Сподели

Француските власти соопштија дека материјалната вредност на предметите украдени при неодамнешната спектакуларна кражба во музејот Лувр изнесува околу 88 милиони евра, но нивното историско и културно значење е непроценливо.

Париската обвинителка Лор Беко изјави дека според проценката на директорот на музејот, штетата е огромна, иако крадците нема да можат да добијат ни приближна сума доколку се обидат да ги растопат вредните парчиња.
„Дури и ако накитот биде продаден на црниот пазар, вредноста нема да достигне ни дел од таа проценка,“ нагласи Беко, пренесува France 24.

Истрагата во полн ек

Во истрагата се вклучени околу 100 инспектори, а не се исклучува можноста дека во планирањето на кражбата учествувале повеќе лица покрај четворицата директни извршители. Според досегашните наоди, крадците на 19 октомври со помош на кран за подигање мебел влегле во познатата Галерија „Аполон“ и украле девет парчиња накит од непроценлива културна вредност.

При бегството, крадците изгубиле еден од предметите — круната на царицата Евгенија, сопруга на Наполеон III, украсена со 1.354 дијаманти.

Кражбата предизвика силни реакции во Франција и пошироко, а културната јавност предупредува дека нападот врз еден од најпознатите музеи во светот претставува удар врз европското културно наследство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 18-годишниот син на Венко Филипче стана бизнисмен
Следна Статија Мафијата вмешана во водење на италијански клуб, сега е под судска управа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Сопругата на покојниот Али Хамнеи е жива?

Ирански медиуми тврдат дека сопругата на поранешниот врховен лидер на Иран е жива. Иранската новинска агенција Фарс објави дека Мансуре…

March 12, 2026
СВЕТ

(Видео) Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Научниците на НАСА забележале „одамна изгубен град“ под слој мраз од 30 метри. Кампот Century, отворен во 1959 година во…

November 29, 2024
СВЕТ

Автопат 99 во окрузи Тулар повторно отворен по масовна сообраќајка

Автопатот 99 во окрузи Тулар беше целосно затворен поради сообраќајка со 59 возила, но веќе е отворен.

February 2, 2026
СВЕТ

Разорен земјотрес во Мјанмар: тресеше и во Тајланд на 1000 километри од епицентарот (ВИДЕО)

Два разорни земјотреси утрово го погодија Мјанмар. Првиот земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран на…

March 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?