Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лукаревска: Кај граѓаните има огромно разочарување од ВМРО-ДПМНЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Лукаревска: Кај граѓаните има огромно разочарување од ВМРО-ДПМНЕ
ПОЛИТИКА

Лукаревска: Кај граѓаните има огромно разочарување од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено August 26, 2025 09:43
Сподели
Сподели

Пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија истакна дека по сите големи ветувања на изборите во 2024 година и после 4 години локална власт има огромни разочарувања кај граѓаните, особено за нереализираните ветувања и економијата.

 

,,Со ВМРО-ДПМНЕ има катастрофални економски параметри, платите стагнираат, додека во регионот растат, и БиХ не претрка со минимална плата од 511 евра. Регионот оди нагоре ние стагнираме, а како што растат цените како што растат трошоците за живот така паралелно мора да растат и платите, а сега ние имаме очајни плати а имаме европски цени нашата минимална плата е скоро една третина од европската плата, тоа е навистина е недозволиво”, рече Лукаревска.

 

Лукаревска потсети дека власта ги одби сите предлози на СДСМ за подобрување на животниот стандард, за зголемување на платите, за намалување на на ДДВ за електрична енергија и укинувањето на ДДВ за основните прехранбени производи, не го применува законот за нефер трговски практики.

 

Таа додаде дека СДСМ изнесува алармантни состојби за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ на локално и централно ниво, како и бројни скандали.

 

,,Ние како опозиција секојдневно, еве изминатите два дена имавме серија на прес конференции од наши кандидати за градоначалници, во конкретни општини со цел да се разобличи она што значи локално владеење на ВМРО-ДПМНЕ и секако нивните градоначалници кои не ги исполнија ветувањата”, рече Лукаревска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дворот на универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“ како буниште, обраснат во трева, ѓубре, човечки измет… (ВИДЕО)
Следна Статија Нема да има веселби на телекомуникациската кула на Водно и нема да се вози до таму, тврдат од АЕК

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Шукова: Имаме концепт за дигитално Скопје, со еден клик до сите градски услуги

Младите се срцето на дигиталното Скопје што го градиме. Затоа, токму ним им ја отвораме вратата кон нови можности“, вели Каја…

September 20, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Поставени се темелите, по изборите почнува фазата на жестока работа и големи резултати

Државава во изминатите година и пол е консолидирана по распадот и пустошот во која беше затекната при преземањето на власта.…

October 30, 2025
ПОЛИТИКА

За руските пранкери Заев е најглупавиот политичар, крал на нивните шеги

Зоран Заев поранешниот прмеиер кој успеа „да падне“ на пранкерите Вован и Лексус мислејќи дека зборува со Грета и Порошенко,…

December 4, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Карбинци мора да добие населба за млади брачни парови, едно евро квадрат, мора да работиме на демографијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Карбинци кој е во рамки на кампањата за локалните избори која…

October 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?