Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лукровски: Карпош е заробен од истите интереси кои зелените површини ги претворија во градилишта, доста е од лажни зборови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Лукровски: Карпош е заробен од истите интереси кои зелените површини ги претворија во градилишта, доста е од лажни зборови
ПОЛИТИКА

Лукровски: Карпош е заробен од истите интереси кои зелените површини ги претворија во градилишта, доста е од лажни зборови

Објавено October 26, 2025 12:33
Сподели
Сподели

Во последниве денови слушаме смешни обиди за манипулација, истите луѓе кои ја водат Општина Карпош со години, сега се обидуваат да ме прикажат како дел од некакви матни приказни. Јас не ја водам Oпштината, тие ја водат. И токму таму лежи проблемот, вели Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник за општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Денес Карпош е заробен од истите интереси што ја претворија секоја зелена површина во градилиште, што ги исполнија улиците со прашина, а буџетот со сомнежи.

Тие што денес глумат борци за морал се истите што потпишаа десетици спорни и нелегални ДУП-ови, со кои се уништи ликот на општината.

Тие се луѓето кои дозволија кај булеварот 8 Септември да никне облакодер на спорна локација.

Под нивно водство се планираат да никне огромно бетонско чудовиште кај Алумина, да никнат уште пет згради на Прашка, се планира проширување на Настел во ново издание, се турка трговски центар пред зградата на Горење и City Mall, а и нова зграда пред СЦ „Борис Трајковски“.

И тоа е само дел од еден куп ДУП-ови се донесени „под маса“, зад грбот на граѓаните, со сериозни закани за квалитетот на живеење во Карпош.

И сето тоа се случува додека истите луѓе измислуваат приказни за „Скопје на вода“ или „Карпош на вода“ кои се тешки глупости без ниту еден аргумент, измислици создадени само за да се плука и манипулира.

Нема програма, нема визија, само очајнички обиди да се одвлече вниманието од вистински проблеми и сопствените дела или не дела.

Карпош не сака повеќе празни зборови и лажни обвинувања, сака нова политика.

Политика со јасна програма, каде што секој денар на граѓаните ќе биде видлив и оправдан.

Јас нудам план за транспарентна и модерна општина, за чист воздух, за уреден урбан развој и крај на партиските тендери.

И тоа не е ветување, тоа е обврска.

Доста беше од луѓе што со години ја држат општината во раце и мислат дека сите ќе заборават што направиле.

Карпош не е нивна приватна фирма, Карпош е на граѓаните, и така и ќе биде за многу кратко кога јас ќе бидам градоначалник, порача Лукровски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Заврши 40. јубилејно издание на „Макфест“, на Стојан Троицки основачот на фестивалот му беше врачено признание „За животно дело“
Следна Статија Николоски: Од утре нови 11 директни летови од скопскиот и охридскиот аеродром

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Од ЕУ ми велат дека Пендаровски и Ковачевски прифатиле нешто кое не го испорачале

Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на „Канал 5“ телевизија вели дека во Европската унија соговорниците…

October 3, 2024
ПОЛИТИКА

ДУИ бара да се повлече одлуката за назначувањето на Богојески

ДУИ бара итно повлекување на одлуката за именување на Петар Богојески за директор. Одлуката ја нарекува срамна и директно ја…

April 10, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски до ДУИ: Престанете да ги лажете своите гласачи, очигледно не сакате реформи

Се зборува за предвремени избори. Анкетите покажуваат дека ако тие се одржат, ВМРО-ДПМНЕ би имало сигурно над 62-63 пратеника, стабилно…

September 20, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ го лажеше народот иако знаеше дека уставните измени не се последното барање од Бугарија – велат од ВМРО-ДПМНЕ

Најлошата дипломатија што ја имала нашата држава беше на чело со Зоран Заев, Димитар Ковачевски и Бојан Маричиќ, кои освен…

April 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?