Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Луфтханза“ ја прекинува линијата Франкфурт-Скопје во јуни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > „Луфтханза“ ја прекинува линијата Франкфурт-Скопје во јуни
ЕКОНОМИЈА

„Луфтханза“ ја прекинува линијата Франкфурт-Скопје во јуни

Објавено May 5, 2026 19:26
Сподели
Сподели

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ донесе одлука за суспендирање на директната линија Франкфурт-Скопје во текот на целиот месец јуни. Истовремено, „Аустријан ерлајнс“ го одложи почетокот на новата авиолинија Виена-Охрид, што претставува нов бран промени во летниот распоред на оваа групација.

Последниот директен лет од Франкфурт за Скопје е закажан за 31 мај. До средината на овој месец линијата ќе сообраќа секојдневно, а до крајот на мај бројот на летови ќе се зголеми на девет до десет неделно. Сепак, во текот на јуни нема да има директна поврзаност, а обновување на рутата се очекува од 1 јули, иако распоредот се уште не е официјално потврден.

Од компанијата посочуваат дека патниците за Скопје ќе можат да патуваат преку Виена, каде што превозот ќе го преземе „Аустријан ерлајнс“, исто така членка на „Луфтханза груп“.

Промени има и на аеродромот во Охрид. „Аустријан ерлајнс“ го одложи воведувањето на линијата од Виена, па наместо на 17 мај, првиот лет е планиран за 21 јуни. Оваа релација ќе биде активна до 18 октомври.

Овие одлуки доаѓаат по турбулентен период за германскиот превозник, кој во април се соочи со штрајкови и затворање на подружницата „CityLine“. Само за јуни, „Луфтханза“ откажала 944 неделни летови низ својата европска мрежа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Банкротот тропа на врата, за две години Владата ја задолжи државата за нови 2,3 милијарди евра
Следна Статија Трамп: Иран нема никакви шанси

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

За Силјановска Давкова, новиот гувернер Славески е светски признат професор кој никако не може да биде проепознаен по партиска реторика

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги отфрли како неиздржани критиките на опозицијата во однос на новиот гувернер Трајко Славески, напоменувајќи дека…

June 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бизнисот и институциите на заедничка маса: Азески и заменик-министерот Ристески на седницата на Регионалната комора во Прилеп

На 27 декември 2024 година, во Прилеп се одржа седница на Управниот одбор на Регионалната комора, која беше фокусирана на…

December 28, 2024
ЕКОНОМИЈА

Готовината сѐ уште доминантен метод за плаќање при онлајн нарачките

Народната банка ги објави новите податоците за платежната статистика за трите квартали од 2024 година кои покажуваат постојан тренд на…

January 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Девизните резерви во декември лани повисоки за 63,1 милион евра во однос на ноември

На крајот на декември 2025 година официјалните девизни резерви изнесуваат 4.925,3 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат…

January 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?