Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Лa тераца“ за 3.500 евра месечно ја доби концесијата за Македонско село
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Лa тераца“ за 3.500 евра месечно ја доби концесијата за Македонско село
МАКЕДОНИЈА

„Лa тераца“ за 3.500 евра месечно ја доби концесијата за Македонско село

Објавено April 9, 2025 11:24
Сподели
Сподели

Фирмата „Ла тераца“ ја доби концесијата за работа со комплексот Македонско село во Горно Нерези за 3.500 евра месечно. Комплексот треба да почне да работи на 1 јуни, а концесијата е на 15 години.

Закупецот е избран по пат на електронско јавно наддавање, а пријавени биле две компании. Концесионерот поднесе и банкарска гаранција од 5 отсто од вкупната сума за закуп за 15 години.

Македонско село е изградено во 2011 година, а почна да работи на 22 јуни 2016. Владата инвестираше 5,2 милиони евра и 1,3 милиони евра за внатрешно уредување. Комплексот има 12 двокатни куќи, секоја од нив претставува различен регион од Македонија. На долниот кат од куќите, според проектот, треба да се претстават различните занаети карактеристични за регионите, а горните катови да функционираат како хотел.

„После години на затворање и уништување на сè што претставува културно наследство, идентитет и историја – конечно започнуваме ново поглавје. Комплексот ‘Македонско село’ не функционира речиси седум години, откако претходните концесионери се повлекоа поради финансиски загуби, а во меѓувреме, редовно се исплатуваа трошоците за осигурување и обезбедување и практично имаше финансиски загуби од над 300.000 евра. Со изборот на концесионер, правиме сериозен чекор кон враќање на животот во еден уникатен простор кој ќе биде отворен за сите граѓани, туристи и љубители на традицијата“, соопштија од Службата за општи и заеднички работи при Владата.

Комплексот не работеше седум години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Четворица од повредените лица во пожарот во Кочани денеска се враќаат од странство
Следна Статија Моќта на зелената терапија – македонските планини може да бидат лек за стресот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МРТ ќе го расчистува скандалот со детската песна за „Голема Албанија“ емитувана на МТВ 2

Скандалот со емитувањето на детска песна на МРТ2 на албански јазик, во која се воспева „Голема Албанија“, како и одговорноста…

April 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

„Борбата беше жестока“: Мицкоски за случувањата околу извештајот за Македонија на Вајц

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во врска со усвојувањето на извештајот на Томас Вајц во Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со честитка до Трамп за победата: Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка до претседателот Доналд Трамп за неговата победа на изборите за претседател на САД. -Во мое…

November 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Василевска: Во периодот на владеење на СДС и ДУИ обвинителството имаше директна комуникација со извршната власт

На денешната панел-дискусија на тема „Негативниот годишен извештај за работата на Судскиот совет и потребата од реформи во правосудниот сектор…

December 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?