Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Маж-монструм: Ја принудувал сопругата на проституција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Маж-монструм: Ја принудувал сопругата на проституција
ХРОНИКА

Маж-монструм: Ја принудувал сопругата на проституција

Објавено February 17, 2025 17:21
Сподели
Сподели

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден истражители од Истражниот центар во обвинителството и Националната единица за борба против криумчарење мигранти и трговија со луѓе при МВР реализираа акција во која се лишени од слобода две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „Трговија со луѓе“.

Уште четири лица се под истрага за овој случај, и за нив е определена мерка притвор, која за двајца ќе почне да се применува откако ќе бидат пронајдени.

Како што информира денеска Републичкото јавно обвинителство, предметот бил оформен во ОЈО Тетово во ноември минатата година, кога на првоосомничениот му била изречена мерка притвор поради семејно насилство, а по преземените дејствија е утврдено дека станува збор за кривично дело „Трговија со луѓе“. По ова тој е препратен на надлежност во Основното јавно обвинителство. Врз основа на сознанијата и обезбедените докази донесена е наредба за спроведување на истражна постапка против шестмина осомничени за кривично дело „Трговија со луѓе“.

-Првоосомничениот во текот на деветгодишна брачна заедница со жртвата, ја злоупотребил својата положба и со својата сопруга постапувал на особено понижувачки и суров начин, воспоставувајќи целосна контрола врз неа. Тој, со употреба на сила и сериозна закана, извршувал физичко и психичко насилство над неа, континуирано нанесувајќи ѝ телесни повреди и заканувајќи се по нејзиниот живот и животите на членовите на нејзиното семејство, по што започнал да ја принудува на сексуална експлоатација по пат на проституција заради стекнување на парична корист и наркотична дрога. Претставувајќи ја како своја пријателка, првоосомничениот, во периодот од септември 2023 година до 20 ноември 2024 година, во повеќе наврати ја принудил својата сопруга да дава сексуални услуги во угостителски објекти во Тетово и Гостивар, во нивниот семеен дом, како и во семејните куќи на корисниците на сексуалните услуги, информираат од Обвинителството.

Тој стапувал во контакт со останатите осомничени – корисници на услугите, го договарал местото, како и надокнадата која била во пари или соодветна грамажа на наркотична дрога – кокаин. Додека жртвата била со корисниците, првоосомничениот имал целосна контрола, следејќи ја понекогаш и преку видео повик, а потоа откако ќе му ги дадела парите или дрогата, ја претепувал, ја горел со цигари и ѝ нанесувал тешки повреди од кои со денови се опоравувала.

Во однос на определување на мерки за обезбедување на присуство, јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција имајќи ги предвид околностите и тежината на стореното дело на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложил определување мерка притвор за четворица осомничени, додека двајца веќе се наоѓаат во притвор. Судијата го прифати предлогот и определи мерка притвор за сите лица, која мерка за двајца осомничени ќе се применува по нивно пронаоѓање.

За кривичното дело што му се става на товар на првообвинетиот, согласно Кривичниот законик запретена е казна затвор во траење од најмалку четири години, додека за корисниците на сексусалните услуги е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Демократијата“ стигна и во Бразил: “Шарена револуција“ по српско сценарио
Следна Статија „Ќе ти ги убиеме децата“, пишувало во пораката до Вучиќ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Загрижувачка агресија: Дете заврши на Неврохирургија, откако било удирано во глава од соученик

Дванаесетгодишен ученик од ОУ „Блаже Конески“ од Велес вчера заврши на Клиниката на неврохирургија во Скопје со тешки повреди на…

November 21, 2024
ХРОНИКА

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе истражна постапка против едно лице од Неготино за кривично дело изнуда, како и загрозување на…

September 21, 2025
ХРОНИКА

Децата ја спасиле мајката од таткото насилник во Струмичко

Маж, на суров начин, се обидел да ја убие својата сопруга во струмичкото село Просениково, и тоа пред очите на…

November 28, 2025
ХРОНИКА

Кривична пријава за седум лица за местење на натпреварот меѓу ФК „Кожуф“ и ФК „Башкими“, уапсено едно лице

Денеска (15.08.2025) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, по претходно обезбедена наредба од Основен суд Гевгелија, извршија претрес на…

August 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?