Маж од Јосифово со остар предмет му нанел убодна рана на соселанин

- Advertisement -

На 07.03.2025 година во 17.00 часот во село Јосифово, општина Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишиле од слобода А.М.(41) од село Јосифово, затоа што А.М. по претходна физичка пресметка со лицето Р.М. од истото село, со остар предмет му нанел убодна рана на Р.М. во пределот на подколеницата.

За настанот бил запознаен надлежен ЈО од ОЈО Гевгелија, а по документирање на случајот против А.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели ја оваа статија