Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонец брутално убиен во Словенија – Георгиев бил удрен повеќе од десет пати во главата пред да почине
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Македонец брутално убиен во Словенија – Георгиев бил удрен повеќе од десет пати во главата пред да почине
ХРОНИКА

Македонец брутално убиен во Словенија – Георгиев бил удрен повеќе од десет пати во главата пред да почине

Објавено October 11, 2025 13:23
Сподели
Сподели

Телото на 38-годишниот Стојче Георгиев од селото Грдовци во Кочани беше пронајдено минатиот петок во центарот на Љубљана. Полициската управа во Љубљана информираше дека мажот починал од насилна смрт. Осомничениот за злосторството е 20-годишен Словенец кој е во притвор.

Според онлајн Дневник, 20-годишниот осомничен е спортист од Љубљана кој тренирал фудбал, а неодамна и бокс. Тој наводно се јавил во полиција сам или заедно со својот татко и рекол дека нокаутирал некого во центарот на главниот град.

20-годишникот во вторникот бил изведен пред истражен судија, кој по испрашувањето нареди да биде приведен.

„Поради интересот на истрагата, која сè уште е во тек, не можеме да ви кажеме повеќе“, соопшти полицијата.

Инаку Георгиев кобната ноќ наводно бил удрен повеќе од десет пати во главата, а го пронашол таксист во раните утрински часови.

Македонската амбасадата во Љубљана информираше дека добила известување од словенечката полиција дека во текот на ноќта на 2 октомври 2025 година, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани.

Согласно информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција.

Амбасадата во Љубљана извести дека е во контакт со семејството на починатиот и со надлежните словенечки институции, со цел обезбедување на потребната конзуларна поддршка и следење на понатамошниот тек на постапката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорѓиевски: „Скопје – град на слоеви, град на култура“ – проекти за Аквадуктот, Скупи, Чаршијата и Калето
Следна Статија Филипче вели дека Лекарската комора треба да процени дали доктор снимен со дрога може да лекува пациенти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Свирепо убиство во Штип: Маж со нож усмртил жена и телото го закопал во дворот

СВР Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава против Д.А (74) од Штип поради…

November 16, 2025
ХРОНИКА

Ја нападнал сопругата, а полицијата дома му пронашла цел арсенал на оружје

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Р. (29) од Скопје, поради постоење…

June 10, 2025
ХРОНИКА

Судски совет: Даниела Алексовска донела законска одлука за Васил Јованов, возачот кое ја усмрти Фросина

Судијката Даниела Алексовска Стојановска  согласно законот за правда на децата му определила воспитна мерка на Васил Јованов за поседувањето дрога,…

February 27, 2025
ХРОНИКА

Таткото на Фросина до родителите на Васил: „Изразувате сочувство по 9 дена, немате вистинско каење, создадовте убиец“

Таткото на Фросина, Тодор Кулаков преку социјалните мрежи реагираше на вчерашната прес конференција на која за првпат во јавноста се…

February 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?