Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонец го споделува примерот од Токио: Имаме инсинератор кој од отпадот прави струја за соседството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонец го споделува примерот од Токио: Имаме инсинератор кој од отпадот прави струја за соседството
МАКЕДОНИЈА

Македонец го споделува примерот од Токио: Имаме инсинератор кој од отпадот прави струја за соседството

Објавено September 13, 2025 13:31
Сподели
Сподели

Македонецот Симон Калајџиев кој живее и работи во Токио, главниот град на Јапонија, сподели како се управува со отпадот во местото каде што живее. Ова следи откако Скопје се соочува со повеќедневно аерозагадување од запалените депонии во околината на Скопје.

– На 5 минути пешки од станот кај што живеам во Токио имаме инсинератор за отпад кој е во постојана служба и од сето собрано, селектирано ѓубре од соседството произведува струја за истото. Има филтер кој целосно го заштитува квалитетот на воздухот. Целата работа на инсинераторот е транспарентна за јавноста и напред има панел кој покажува колку отпад е собран и согорен секој ден и колку енергија е произведено од тоа, појаснува тој.

– Низ инсинераторот може слободно да се шетате и да ја гледате работата на службите и вработените, зад безбедносни стакла. Може за се да ги прашате. Се гледа дури и огнот во самите печки, како и генераторите за струја. Се е објаснето со надгледни сретства, сензорни уреди и интерактивни дијаграми. Во склоп на објектот има и парк, центар за обука за здрава животна средина, простории на располагање на месната заедница за активности и настани, сцена за културни и музички настапи, библиотека и детско катче, раскажува Калајџиев.

– Секој граѓанин придонесува на службите за собирање отпад со тоа што мораме да го сортираме сами отпадот и да го изнесуваме во специјални кеси кои кога ги купуваме плаќаме одредена таксена марка за секоја ќеса според литража. Струјата што се произведува ја користиме и имаме увид во целото располагање на инсинераторот и на произведената струја, завршува за ова позитивно искуство кое се применува во Јапонија.

Скопје е далеку од Токио, и во географска, но и во технолошка и управувачка смисла! Има ли надеж некој ден ова да биде реалност и во македонскиот главен град?

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гори фабрика за пластика во Трубарево, црн чад се издигна над Скопје
Следна Статија Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ова не е правда, јавно барам од Судскиот совет да се преразгледа работењето на овој судија и да се анализира оваа пресуда

„Ова не е правда! Тука имаме потфрлање на системот по сите основи“.  Ова го истакна денес премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи…

April 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до влашката заедница: Имате значајна улога во градењето на Македонија

Премиерот, Христијан Мицкоски, упати честитка по повод 23 Мај – Националниот дел на Власите. Тој вели дека влашката заедница има…

May 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес од 4,5 степени во Албанија, почувствуван и во делови од Македонија

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија, а беше почувствуван и во југозападните делови Македонија. Според…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Подготвителната седница на Уставниот суд за Законот за јазици ќе се одржи од 19 до 21 март – Ќе мести ли ДУИ пак шатори пред Уставен?

Подготвителната седница за Законот за јазици се очекува да биде одржана во периодот од 19 до 21 март, изјави претседателот…

December 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?