Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонец обвинет во Хрватска за меѓународен шверц на кокаин
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Македонец обвинет во Хрватска за меѓународен шверц на кокаин
БАЛКАН

Македонец обвинет во Хрватска за меѓународен шверц на кокаин

Објавено May 13, 2025 18:11
Сподели
Сподели

Поднесено е обвинение против 31-годишен државјанин на Македонија, осомничен за меѓународен шверц на кокаин. Како што соопшти хрватската Служба за борба против корупцијата и организираниот криминал (УСКОК) завршена е истрагата и поднесено е обвинение до Окружниот суд во Осиек против државјанинот на Македонија, кој беше уапсен минатата година на граничниот премин „Бајаков“.

Според обвинението, од почетокот на 2021 година до ноември 2024 година, осомничениот поврзал неколку непознати лица со цел набавка, транспорт и препродажба на големи количини кокаин во Холандија, Чешка, Македонија и други земји.

Според тврдењата на обвинителството, осомничениот во Холандија најмалку три пати зел најмалку два килограми чист кокаин, кој потоа го скрил во автомобили и го транспортирал во Скопјe, каде што дрогата ја предавал на однапред договорени купувачи.

УСКОК се сомнева дека тој добил 5.000 евра за секоја испорака, со што остварил нелегална финансиска добивка од најмалку 15.000 евра.

Во ноември 2024 година, осомничениот презел три пакети со вкупно 2,9 килограми кокаин од Хаг, кои ги скрил во резервното тркало од багажникот на изнајмено возило.

На пат кон Македонија, каде што требало да ја достави дрогата до клиентите, тој ангажирал возач на кого не му ја открил содржината на пратката. Сепак, на 21 ноември 2024 година, на граничниот премин „Бајаково“, за време на граничната контрола и претресот на возилото, откриена и запленета е дрога, а шверцерот е уапсен.

Во обвинителниот акт, УСКОК предложи продолжување на притворот против обвинетиот, кој се товари за кривично дело неовластено производство и трговија со дрога, сторено како дел од злосторничко здружение.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќе се градат и реконструираат 30 спортски сали во училиштата
Следна Статија Над 2000 медицински сестри лани ја напуштиле државата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Можно е да се ограничи доаѓањето на работници од Западен Балкан во Германија

Германскиот медиум „Тагесцајтунг“ објави дека таканареченото правило за Западен Балкан, кое дозволува работници од неколку балкански земји да доаѓаат во…

April 3, 2025
БАЛКАН

Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал…

October 19, 2025
БАЛКАН

Вонредни парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, трети во изминатите 16 месеци, откако парламентарните партии не успеаја да постигнат договор…

June 7, 2026
БАЛКАН

Самарас исфрлен од „Нова демократија“

Поранешниот премиер Андонис Самарас (73) е исклучен од владејачката партија Нова демократија бидејќи ги критикувал одлуките на владата за односите…

November 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?