Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија без суштински напредок според листата на „Транспаренси интернешнл“ за перцепција на корупција за 2025 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонија без суштински напредок според листата на „Транспаренси интернешнл“ за перцепција на корупција за 2025 година
МАКЕДОНИЈА

Македонија без суштински напредок според листата на „Транспаренси интернешнл“ за перцепција на корупција за 2025 година

Објавено February 10, 2026 15:47
Сподели
Сподели

Северна Македонија се најде на 84. место од вкупно 180 земји на ранг-листата според Глобалниот индекс за перцепција на корупцијата за 2025 година објавена од „Транспаренси интернешнл“.

Во однос на 2024 година, кога беше рангирана на 88. место, земјава напреднала за четири позиции, но и натаму нема промена во индексните поени на скалата на која 0 поени значат најлош, а 100 поени најдобар можен скор според индексот за перцепција на корупцијата. Во 2025 година, исто како и годината пред неа, земјава има скор од 40 индексни поени, што е за три под глобалниот просек од 43 бодови.

Извор: Глобален индекс за перцепција на корупцијата на „Транспарески интернешнал“

Осумдесет и четвртото место на ранг-листата според Глобалниот индекс за перцепција на корупцијата за 2025 година земјава го дели со соседна Бугарија, Унгарија, Буркина Фасо, Куба, Гвајана и Танзанија.

Извор: Глобален индекс за перцепција на корупцијата на „Транспарески интернешнал“

Црна Гора предничи, Србија најлошо рангирана од земјите од Западен Балкан

Од шесте земји од Западен Балкан, најдобро рангирана е Црна Гора која се наоѓа на 65. место на ранг-листата, следно е Косово кое го зазема 76. место, по што следува Северна Македонија на 84. место.

Албанија е рангирана на 91. место, по што следува Босна и Херцеговина на 109. место. Најлошо рангирана е соседна Србија која, според индексот за перцепција на корупцијата за 2025 година, е позиционирана на 116. место со освоени 33 индексни поени. Освен во БиХ, каде што има напредок од еден индексен поен во 2025 во однос на 2024 година, кај останатите земји од Западен Балкан е нотиран или пад или непроменет број на поените.

Од останатите земји од регионот, Словенија е најдобро рангирана (41. место). следува Грција на 56. позиција, Хрватска го зазема 63. место, а соседна Бугарија го дели 84. место заедно со Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Постигнавме историски договор со репрезентативните синдикати на администрацијата и државната управа
Следна Статија Филипче: СДСМ ќе побара намалување на цените на патарините

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Во Македонија денеска активни се 29 пожари, од кои 10 се активни, а 16 се изгаснати

До седум часот на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 29 пожари на отворен простор. Од нив 10 се активни,…

July 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата бара ЗНМ и ССНМ да го осудат однесувањето на новинарот кон министерката Јаневска во Тетово

Слободата на изразување не смее да биде изговор за нарушување на личниот и институционалниот интегритет – реагираат од Владата во…

March 24, 2026
МАКЕДОНИЈА

Влада на Обединетото Кралство со соопштение за одлуката за стратешко партнерство со Македонија

Прес-службата на Владата на Обединетото Кралство обавува дека премиерот Кир Стармер, се сретна со премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски на…

May 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Вредноста на нашите мировници никогаш не била повидлива

Со видеоконференциска врска која ги премости километрите меѓу татковината и меѓународните мисии, денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, традиционално…

December 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?