Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија вечерва против Белгија за прво место во групата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонија вечерва против Белгија за прво место во групата
СПОРТ

Македонија вечерва против Белгија за прво место во групата

Објавено October 10, 2025 08:23
Сподели
Сподели

Репрезентацијата на Белгија е вечерашниот ривал на најдобрата македонска фудбалска репрезентација. Дуелот се игра во Гент, а воедно е натпревар од групата Ј. Македонската репрезентација како првопласирана влегува во пресрет на последните три натпревари, додека втората Белгија има бод помалку, но и натпревар повеќе за одигрување.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски од среда се во Гент, а синоќа одржаа и тренинг на теренот каде вечерва се игра натпреварот.

Противникот е селекција, каде најголемиот дел од фудбалерите настапуваат во петте најсилни лиги во Европа, но на овој натпревар во составот ќе го нема напаѓачот Ромелу Лукаку.

–  Го нема Лукаку, но во составот на Белгија има голем број квалитетни напаѓачи, и сигурно нема да биде лесно. Ќе дадеме се од себе, тоа е најмалку што можеме да направиме за Македонија. Со максимална посветеност и концентрација, со борба за секоја топка, веруваме дека можеме да ја реализираме нашата цел, изјави дефанзивецот Висар Муслиу.

На табелата македонската репрезентација е на првата позиција со 11 бодови (5 натпревари), Белгија е втора со 10 бодови (4), Велс има 10 (5), Казахстан следи со 3 (5), додека Лихтенштајн е последен без бод.

Почетокот на натпреварот во Гент е во 20:45 часот, а ќе го суди Умут Мелер од Турција. Денеска на програмата е уште еден натпревар од групата играат: Казахстан и Лихтенштајн, додека Велс е слободен.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таткото на загинатиот Мартин Сипковски вели: Тој не беше сторител, туку жртва на манипулации и страв
Следна Статија Тричковски повикан во полициска станица поради некрофилскиот коментар на Фејсбук

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Алварез и Мбапе прв пат стрелци во градското дерби – Реал и Атлетико ремизираа

Мадрилењо дербито одиграно во 23.коло на „Сантијаго Бернабеу“ зарши без победник 1:1 (0:1). Интересен натпреварто одиграа Реал и Атлетико. Гостите…

February 9, 2025
СПОРТ

Oфицијално: ФК Вардар има нов сопственик

ФК Вардар има нов сопственик. Станува збор за Атила Бижен Жалили, кој ги презеде 85% од акциите на клубот, соопштија…

October 8, 2024
СПОРТ

Мбеумо: Го носев овој дрес додека растев

Брајан Мбеумо ги заврши сите формалности и официјално стана член на Манчестер јунајтед. Станува збор за фудбалер кој игра на…

July 22, 2025
СПОРТ

Превц е човек птица

Словенечкиот ски-скокач Домен Превц со два извонредни скока (лета) стигна до победа на натпреварувањето на леталницата во Кулм, притоа во…

March 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?