Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија веќе требаше да е во ЕУ, вели унгарскиот министер Бока
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Македонија веќе требаше да е во ЕУ, вели унгарскиот министер Бока
ПОЛИТИКА

Македонија веќе требаше да е во ЕУ, вели унгарскиот министер Бока

Објавено April 10, 2025 17:31
Сподели
Сподели

Процесот на пристапување во Европската Унија треба да биде објективен и да се заснова на мерит критериуми. Република Македонија е земја-кандидат од 2005 година и верувам дека вистинското место на земјата веќе требаше да биде ЕУ. Се надевам дека постоечкиот билатерален спор со Бугарија ќе биде надминат што е можно поскоро, а Унгарија им стои на располагање на двете страни за да помогне во тоа, изјави денеска министерот за европски прашања на Унгарија, Јанош Бока, кој е во посета на Скопје.

Тој ова го изјави одговарајќи на новинарско прашање за евроинтегративниот процес на земјава, во смисла на уставните измени и барањето на Скопје за гаранција дека тие се последниот услов, кој би го поставила Софија.

Во врска со предупредувањата на Лондон дека останувањето надвор од ЕУ може да доведе до дестабилизација на регионот на Западен Балкан, Бока истакна дека верува оти и за Обединетото Кралство и за Унијата од највисок интерес е стабилноста на регионот и додаде дека верува дека ЕУ ги презема сите чекори кои и се располагање за стабилноста на регионот.

Унгарија и како членка на ЕУ и за време на нашето претседателство работи во насока на реактуелизирање на процесот на интеграција на Западен Балкан, на зајакнување на европерспективата на регионот, бидејќи тоа е најдобрата гаранција за стабилноста, рече Бока пред да земе учество на отвореното предавање на Универзитетот Скопје, на кое присуствува и заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков.

Тој ја потенцира одличната соработка со македонската Влада, како и големата поддршка која Унгарија и да дава на земјата на нејзиниот европски пат. И натаму, додаде тој, Унгарија ќе ја пружи сета помош, како и насоки за да помогне во процесот на евроинтеграција.

Заменик-министерката Трајков посочи дека Владата од почетокот на мандатот потенцирала дека единствена и примарна цел ќе и биде европскиот пат.

Тоа значи дека сето она коешто може да помогне во евроинтеграцискиот процес на државата апсолутно го поддржуваме. Така беше и таа дипломатска офанзива која што ја започнавме, се уште трае и ќе трае во иднина. Тоа е едната работа за која што долго зборувавме, но и добрососедските односи кои што ни се врвен приоритет, истакна Трајков, која го информирала Бока дека Министерството посветено работи на Реформската агенда.

На отворената дискусија насловена „Како да ја направиме Европа повторно голема?“ учествуваат и поранешниот вицепремиер за европски прашања, проф.д-р Васко Наумовски и амбасадорот Марјан Ѓорчев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дел од онколошките пациенти повторно без терапија, недостигаат лекови за рак на дојка
Следна Статија Вицегувернерката Нацевска: Побрзи, поевтини и поефикасни прекугранични плаќања во евра од октомври 2025 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Јанковиќ: Скопјани се жртви на политички игри, дали ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП?

Скопјани 4 години секој ден живеат во хаос, преполни контејнери, нечисти улици и јавен превоз во колапс. Главниот град е…

September 23, 2025
ПОЛИТИКА

Стојаноски: СДСМ избега од дебата за заемот, немаат аргументи

Пратеникот од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, денеска обвини дека СДСМ избегнала дебата во Собранието околу финансискиот пакет и…

May 21, 2026
ПОЛИТИКА

Димитриева: Време е за промени во Демир Капија

Наталија Димитриева, кандидат за градоначалник за општина Демир Капија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот настан одржан во…

October 25, 2025
ПОЛИТИКА

Собранието изгласа Декларација за фер, слободни и демократски избори

Собранието попладнево со 73 гласа „за“ и ниту еден „против“ изгласа Декларација за одржување фер, слободни и демократски избори за…

September 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?