Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија е блиску до склучување договор со САД: Највисоката тарифа ќе биде 15 отсто, а за некои клучни производи и индустрии и помалку
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонија е блиску до склучување договор со САД: Највисоката тарифа ќе биде 15 отсто, а за некои клучни производи и индустрии и помалку
МАКЕДОНИЈА

Македонија е блиску до склучување договор со САД: Највисоката тарифа ќе биде 15 отсто, а за некои клучни производи и индустрии и помалку

Објавено February 19, 2026 13:02
Сподели
Сподели

Многу сме блиску до склучување договор. Заедничката изјава е потврда за тоа. И со тие неколку држави со кои САД веќе склучија договор, така одеше процесот – прво имаше заедничка изјава, па потоа доаѓаше до склучување договор кој и од меѓународно-правна гледна точка значи дополнителни внатрешни процедури. Засега можам да кажам дека највисоката тарифа ќе ни биде 15 отсто што е пониско од огромен број држави не само во светот, туку и во регионот, а за неколку клучни производи и индустрии ќе има тарифи под 15 проценти, соопшти денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Како што изјави Муцунски пред почетокот на Македонско-словачкиот бизнис-форум, Македонија веќе има производи кои се извезуваат во САД со тарифи пониски од 15 отсто, што значи дека се движи во добра насока.

Процесот на преговори, напомена, е сложен и предизвикувачки, но и од доверлив карактер, поради што во овој момент не може да бидат соопштени многу детали.

Доверливоста мораме да ја заштитиме. Јавно ќе биде објавен документ кој веројатно ќе треба да помине собраниска процедура и сите ќе видиме што конкретно ќе значи тоа за нас. Но, фактот дека веќе имаме производи што се извезуваат во САД со тарифи пониски од 15 отсто, значи дека се движиме во добра насока. Јас го сметам тоа за колективен успех на Владата, но факт е дека САД во моментов преговараат со целиот свет во однос на ова прашање. Фактот што одлучија да ни дадат нам приоритет, на една помала држава не толку значајна за американскиот пазар од економска гледна точка, треба да бидеме реални – е директен одговор на прашањето што значат оваа посебна релација и ова стратешко партнерство со Вашингтон. Јас се надевам на добар исход. Заедничката изјава е пат кон тоа и верувам дека ќе донесе конкретни бенефити за претставниците на деловната заедница, а на клрај и за нашата економија и за сите граѓани, потенцира Муцунски, одговорајќи на новинарски прашања.

Тој потсети дека голем број држави во регионот се уште имаат далеку повисоки тарифи од 15 проценти во однос на САД.

Муцунски укажа дека преговорите со САД ги водеше Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, но огромна помош во процесот даде и премиерот Христијан Мицкоски преку неговите контакти во Вашингтон. Многу придонеле и министертсвата за финансии, за дигитална трансформација, за земјоделство, за одбрана, Царинската управа, ФЗО, како и многу други институции

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мета потврдува милијарди во чипови од Нвидиа
Следна Статија Поради Јута снемало кондоми во Олимпиското село

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јанкуловска: Не е случајно и не е несреќа да возиш 130 км/час на Партизанска

Најдлабоко сочуство до семејството и блиските на Фросина, напиша на Фејсбук поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. Сум видела…

February 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Форумот во Будимпешта носи нови партнерства, Македонија меѓу водечките во Европа по инвестиции

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска се обрати на бизнис форумот во Будимпешта, на тема „Ден на деловна соработка помеѓу…

March 30, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Идентитетските прашања се надвор од било која преговарачка рамка

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска од Тирана не ја коментираше вчерашната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев во однос…

June 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицевски: ДУИ е против независни кандидати на локалните избори, им пречи дури и прагот од 0,5 отсто

Покажавме дека сакаме да се надминат правните недоречености и дека единствено ни е важно да се обезбедат еднакви услови за…

August 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?