Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија и Албанија меѓу најевтините дестинации за германските туристи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Македонија и Албанија меѓу најевтините дестинации за германските туристи
Blog

Македонија и Албанија меѓу најевтините дестинации за германските туристи

Објавено June 23, 2025 09:59
Сподели
Сподели

Македонија и Албанија се најповолни европски дестинации за германските туристи, покажуваат податоците на германскиот Сојузен завод за статистика. Во март годинава, цените на туристичките услуги – престој во хотели и посета на угостителски објекти – биле за 52 отсто пониски отколку во Германија.

На листата на евтини дестинации за Германците следуваат Бугарија (-51%), Црна Гора (-42%), Португалија (-35%), Турција (-31%) и Малта (-30%). Хрватска се најде на последното место меѓу поволните дестинации во регионот, со само 14 отсто пониски цени од германските, што, според аналитичарите, може да се промени со сезонските поскапувања.

Иако многу европски земји се значително поевтини за германските туристи, сепак речиси една третина од нив (29%) планираат да летуваат дома. Најпопуларни странски дестинации се Шпанија (8,1%), Италија (5,9%), Турција (4,5%) и Скандинавија (4,3%). Хрватска се најде на деветтото место со 1,3% од интересот.

Според туристичката анализа, Германците во 2024 година просечно трошеле по 1.544 евра по лице за главниот одмор. Најмногу се трошело на патувања во Шпанија (1.843 евра) и Скандинавија (1.728 евра), додека најниски просечни трошоци имало за одмори во Бенелукс (1.006 евра), Австрија (1.176 евра) и Хрватска (1.314 евра).

Просечните дневни трошоци се намалени на 122 евра, но во Хрватска тие се зголемиле за 16 евра споредено со минатата година, што дополнително ја намалува нејзината атрактивност како евтина дестинација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Анализа: Како може Израел да држи толку отворени воени фронтови
Следна Статија Биткоинот падна под 100.000 долари откако САД го нападнаа Иран

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Нема да ни се повторат „Соравија“, „бентли“ и „ролс-ројс“ на блиски роднини на нашите семејства, вели Мицкоски за падот во борбата против корупцијата

Логичен е извештајот на „Транспаренси интернешнл“ за 2024 година, кој покажа дека земјата паднала за два индексни поена во борбата…

February 11, 2025
Blog

Како рудник за литиум во Германија не стана стратешки интерес за ЕУ, туку тој во Србија

Германскиот проект за литиум Цинвалд не се најде на листата на стратешки проекти на ЕУ, иако Европа е гладна за литиум. Наместо…

June 17, 2025
Blog

Владата ја зацврстува меѓународната позиција на Македонија: Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија со САД

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека води успешна дипломатија, градејќи силни и одржливи билатерални односи со клучните меѓународни…

February 14, 2026
Blog

Триесет и еден питомец и 28 слушатели положија заклетва на Воената академија

Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје денеска се одржа свечена заклетва на 29-та класа питомци и слушатели од…

November 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?