Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија и Унгарија потпишаа акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Македонија и Унгарија потпишаа акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници
СВЕТ

Македонија и Унгарија потпишаа акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници

Објавено March 3, 2025 17:22
Сподели
Сподели

Министерот за надворешна политика и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и унгарскиот министер за надворешна политика и трговија Петер Сијарто во Будимпешта потпишаа акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници на меѓусебно договорени теми за интеграција во ЕУ, процесите на администрацијата на Министерството за надворешни работи и надворешната трговска политика.

Со средбата Муцунски – Сијарто почнаа активностите во рамки на унгарско-македонскиот владин самит што денеска и утре ќе се одржи во Унгарија. Во македонската владина делегација која ја предводи премиерот Христијан Мицкоски се 10 министри и двајца заменици министри.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија искажа благодарност за поддршката што Унгарија ни ја дава на патот кон ЕУ, но и за нашето партнерство во НАТО.

Сијарто, пак, рече дека потпишувањето на документот е убав вовед за меѓувладината седница, најавувајќи интензивирање на соработката.

Унгарскиот министер на прес-конференцијата заборуваше и за случувањата поврзани со војната во Украина, посочувајќи дека благодарение на промените на другата страна на Атлантикот се можни промени.

Македонците и Унгарците сме заинтересирани истовремено за враќање на мирот. Тоа се покажа минатата недела во ОН, рече Сијарто.

Шефот на македонската дипломатија во однос на Украина рече дека државата се залага за безусловно и што е можно поскоро постигнување мир и безбедност во светот, посетувајќи дека заедно со Унгарија минатата недела бевме коспонзори на Резолуција за мир во Украина.

Согласно агендата, предвидени се тет-а-тет средба меѓу двајцата премиери, како и билатерални средби меѓу ресорните министри на двете влади, по што утре ќе следи и заедничката седница на двете влади.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УКИМ почнува со дигитализација на сите студентски сервиси, за воведување електронски индекс ќе бидат потребни година и пол, вели ректорката Биљана Ангелова
Следна Статија Владината делегација предводена од премиерот Мицкоски пристигна во Унгарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Зеленски: Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии како руски

Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии за руски, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. – Нема да признаеме…

March 12, 2025
СВЕТ

Aмериканските напади не ги уништија иранските нуклеарни постројки, покажува првичната разузнавачка проценка

Првичната разузнавачка проценка на американските напади врз трите ирански нуклеарни постројки во Тананц, Фордо и Ифхасан покажа дека тие не…

June 25, 2025
СВЕТ

Актерот Тимоти Бушфилд обвинет за сексуална злоупотреба на дете во Нов Мексико

Властите во Нов Мексико издале налог за апсење на режисерот и добитник на Еми награда Тимоти Бушфилд за обвинение за…

January 11, 2026
СВЕТ

(ВИДЕО) Фрлена димна бомба врз премиерите на Холандија и на Полска, Шуф ​​и Туск

Димна бомба беше фрлена врз премиерите на Холандија и Полска, Дик Шуф ​​и Доналд Туск, додека тие зборуваа на комеморативен…

May 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?