Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија меѓу најдобрите во светот по намалена смртност кај децата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Македонија меѓу најдобрите во светот по намалена смртност кај децата
ЗДРАВЈЕ

Македонија меѓу најдобрите во светот по намалена смртност кај децата

Објавено March 19, 2026 18:27
Сподели
Сподели

Македонија е рангирана меѓу најдобрите земји во светот во намалување на неонаталната смртност и смртноста кај децата под пет години, соопшти министерот за здравство Азир Алиу, презентирајќи ги резултатите од извештајот на меѓуагенциската група на Обединетите нации за проценка на смртноста кај децата. За помалку од една деценија, неонаталната смртност е намалена за 87 проценти – од 8,1 на 1,1 смртен случај на 1.000 живородени деца, додека смртноста кај децата до пет години е намалена за 75 проценти – од 11,1 на 2,8 на 1.000 живородени.

„Нашата држава е прикажана како успешен пример на глобално ниво, како резултат на заедничките активности и координацијата на Министерството за здравство со партнерите од ОН и Светската здравствена организација“, изјави Алиу.

Овие резултати се должат на подобрената перинатална нега, новите клинички протоколи и зајакнатата институционална координација, велат здравствените власти.

Иако Македонија бележи успех во намалувањето на смртноста кај новороденчињата и малите деца, бројот на новородени деца континуирано опаѓа, па така минатата година се родиле само 15.531 бебиња – најмалку досега. Падот е евидентен и во претходните години: 18.648 новороденчиња во 2021, 18.183 во 2022 и 16.859 во 2023 година. Овој тренд се поврзува со иселувањето, стареењето на населението и сѐ поголемата возраст на жените при раѓање на првото дете.

Дополнително, демографските анализи покажуваат сериозен одлив на жени во фертилен период. Во споредба со пописот од 2002 година, кога имало над 440 илјади жени на возраст до 29 години, во 2021 година бројот на жени од 20 до 49 години се намалил за околу 80 илјади. Тоа практично значи дека значителен дел од потенцијалните мајки не се повеќе во земјата.

На прашањето дали намалување на смртноста кај новородените се должи на се помалиот број раѓања, здравствените власти велат дека статистиката за намалена смртност треба да се чита внимателно.

„Процентите се исти, бидејќи се пресметуваат на 1.000 живородени деца. Помалиот број раѓања значи и помал притисок врз породилиштата, но сепак има реален напредок во третманот, особено кај предвремено родените бебиња“, вели директорката на ГАК д-р Ирена Алексиоска-Папестиев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пет кандидати во трка за член на ДКСК по оставката на Ристовска
Следна Статија ЕССЕ: Корупција во здравството има, но никој не ја пријавува

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Загадениот воздух зема над 4.000 животи годишно

Ова е констатацијата на Институтот за јавно здравје од каде посочуваат дека Македонија губи 4.175 животи кои можат да се…

February 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Проф.д-р Срцева: Од овој понеделник започнуваме со отворени денови за директна комуникација со пациентите

Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар започнува со отворени денови секој втор понеделник, почнувајќи од…

December 15, 2024
ЗДРАВЈЕ

Брет Вајнштајн објаснува зошто мНРА вакцините носат миокардитис: Не е лошо, туку е многу полошо!

Целта на мНРА вакцините против Ковид-19 е да создадат таканаречен спајк протеин, кој, пак, се создава насекаде во телото, на…

August 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Докторите предупредуваат: Да не се купуваат нелиценцирани мелеми против изгореници

Докторите по пластична хирургија апелираат да се внимава со мелемите за изгореници што се нудат по социјалните мрежи. Вчера некој…

March 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?