Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: М-НАВ: Претседателот на ССКЛ, Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > М-НАВ: Претседателот на ССКЛ, Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски
ЕКОНОМИЈА

М-НАВ: Претседателот на ССКЛ, Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски

Објавено October 24, 2025 17:37
Сподели
Сподели

М-НАВ АД Скопје денеска преку соопштение повтори дека Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ, евентуалното организирање на штрајк како заштита на права од работен однос, може да го остварува единствено преку Независниот синдикат чија што подружница е.

Во врска со штрајкот што требаше да се одржи на 20 месецов во периодот од 10 до 15 часот, но Граѓанскиот суд донесе мерка за времена забрана, завчера прес-конференција одржа правниот застапник на М-НАВ адвокатот Горан Николоски, по што прес-конференција имаше и претседателот на ССКЛ Александар Тасевски.

М-НАВ денеска во реакција на завчерашната изјава Тасевски наведува дека „јавно му се заблагодарува за неговото признание дека штрајкот најавен од страна на ССКЛ – Подружница на Независен синдикат за сообраќај и врски за ден 20.10.2025 година, и забранет како незаконит од страна на Основниот граѓански суд Скопје, е незаконит и дека е свесен дека постапува надвор од закон“.

– На тој прес г-динот Александар Тасевски изјави дека- Барањата за заштита на работнички права од работен однос, како причина за организирање на штрајк се доставени уште во 2023 година и директорите да ги побараат преку архивата на М-НАВ Воедно запрашан од страна на новинарите дали ако повторно одат на штрајк во следното известување ќе бидат наведени барањата за заштита од работен однос и ќе биде спроведена постапката за помирување, г-динот Александар Тасевски изјави дека дека не може да ги наведат барањата за заштита на праава од работен однос, од причина што во тој случај ќе треба да почне нова постапка за помирување. Во врска со изнесените наводи на Александар Тасевски јавно му се заблагодаруваме за неговото признание дека штрајкот најавен од страна на ССКЛ – Подружница на Независен синдикат за сообраќај и врски за ден 20.10.2025 година, и забранет како незаконит од страна на Основниот граѓански суд Скопје, е незаконит и дека Александар Тасевски е свесен дека постапува надвор од закон – се вели во соопштението од М-НАВ.

Александар Тасевски, стои во соопштението, јавно призна дека свесно спроведува незаконски атак врз М-НАВ АД Скопје, односно дека свесно ја загрозува и внесува несигурност во секторот авиосообраќај и свесно го руши угледот на М-НАВ АД Скопје и на државата во целост.

– Со ваквите признанија уште еднаш се потврдува дека станува збор за лично политикантство и желба за самопромоција на Александар Тасевски. Исто така наводите на Александар Тасевски дека во законот се предвидува дека кој било синдикат вертикално, дали е тоа синдикат на работодавачи, синдикат на гранка или сојузот на синдикати има право да организира штрајк, се однесуваат исклучиво на Независниот синдикат за сообраќај и врски, а не и на Подружницата ССКЛ со оглед дека Подружницата не е синдикат, нема правен субјективитет и евентуалното организирање на Штрајк како заштита на права од работен однос може да ги остварува единствено преку Независниот синдикат чија што подружница е – соопшти М-НАВ.

ССКЛМ најави дека ќе ја обжали одлуката на Граѓанскиот суд за времена мерка за забрана на штрајкот, како и дека ќе побара предметот повторно да биде вратен на рочиште за да ја изложат својата одбрана. ССКЛ бара почитување на Спогодбата потпишана по најавата за штрајк во 2023 година. Клучни барања на ССКЛ се ангажирање консултантска фирма којашто професионално ќе изврши функционална анализа за подобрување на функционирањето на претпријатието, вработување на стручни, а не, како што тврдат, партиски кадри на конкурсите за кои бараа поништување, како и подобри услови за работа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Билетите за гостувањето на македонските фудбалери во Кардиф од денеска во продажба
Следна Статија УО на ЈП „Комунална хигиена“: Четири години ги изгласавме сите планови и програми, но нивната реализација е обврска на директорите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Емилија Нацевска: Кога плаќањата се извршуваат без напор, економијата расте со доверба

„Единствената област за плаќања во евра, СЕПА, веќе е дел од нашата реалност. Тоа не е само симбол, туку и…

October 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: За три години ќе имаме нов, модерен и безбеден автопат Прилеп- Битола, во сабота започнуваме со активности

Во сабота почнуваат конкретните активности за изградба на автопатот Прилеп – Битола, проект кој целиот Пелагонски регион го очекува. Автопатот…

October 31, 2024
ЕКОНОМИЈА

Усвоен Дополнетиот ребаланс на Буџетот, обезбедени повеќе средства за проекти од инфраструктурата, за образованието и социјална заштита

Дополнетиот ребаланс на Буџетот вчера бил усвоен на владина седница и со него се обезбедуваат дополнителни средства за Министерствата за…

July 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

За економска соработка, инвестиции, директна авиолинија Скопје-Букурешт разговарале министерот Николоски и романската амбасадорка Аксинте

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Романија, Адела Моника…

October 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?