Македонскиот пасош е на 41 место на листата на најмоќни пасоши во Светот, покажува ранкингот на сајтот „Henley & Partners“.
Ова е скок на македонскиот пасош во однос на минатата година, кога беше рангиран на 45 позиција на оваа ранг листа.
Со македонскиот пасош може да се патува без виза низ 129 дестинации ширум Светот.
Нависоко на оваа листа македонскиот пасош беше во 2014 година, кога беше на 36-то место.