Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија ЦУК: Поради свлечиште загрозени се четири куќи во тетовското село Шипковица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонија ЦУК: Поради свлечиште загрозени се четири куќи во тетовското село Шипковица
МАКЕДОНИЈА

Македонија ЦУК: Поради свлечиште загрозени се четири куќи во тетовското село Шипковица

Објавено November 27, 2025 19:45
Сподели
Сподели

Поради обилните врнежи од дожд што го зафатија западниот дел од државата, преку единствениот број за итни повици – 112 во Центарот за управување со кризи денеска била добиена пријава за настанато свлечиште во тетовското село Шипковица.

Свлечиштето, како што попладнево информира директорот на ЦУК, Мухамед Али, е во населено место и преставува опасност за жителите.

Според директорот на ЦУК, од свлечиштето директно се загрозени четири куќи.

Поради настаната ситуација, тој информира дека е активиран Кризниот штаб на Општина Тетово, а на терен се излезени лица од Центарот за управување со кризи, од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово и од Градежниот инспекторат од Општина Тетово.

Во моментот, според информациите, се преземаат мерки и се дадени насоки до месното население да ги напуштат загрозените живеалишта, поради опасност од појавување нови свлечишта.

Од ЦУК, истовремено информираат дека на територијата на Општина Штип се евидентирани одрони на камења на патниот правец Делчево – Истибања.

Таму, се присутни екипи Јавното претпријатие „Македонија пат“, кои како што велат од ЦУК, редовно интервенираат и нема застои во сообраќајот.

Во врска со одроните на патот кон селото Моштица на територијата на Општина Каменица, од Центарот за управување со кризи велат дека тие се исчистени и сообраќајот на тој патен правец се одвива редовно.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Владата ќе продолжи да ги субвенционира сметките за струја, а градинките и училиштата ни се приоритет, не платите на судиите
Следна Статија Струјата поскапува за околу 5 отсто, ЕСМ понуди 65 евра за мегават

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денеска во Неготино протестен марш „Стоп за сообраќајното насилство“

Протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи денеска во Неготино, објавија организаторите на настанот на социјалните мрежи.…

February 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Секое прваче во Кисела Вода ќе добие анатомски ранец и училишен прибор

И оваа година Општина Кисела Вода продолжува со убавата традиција – секое прваче во Кисела Вода ќе добие квалитетно анатомско…

August 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопјанка на социјалните мрежи со снимка бара жена која и го украла паричникот (ВИДЕО)

Скопјанка на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа како друга нејзина сожителка и го зема паричникот кој таа…

May 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ченто со порака до Кацарска: Времето ги открива улогите, за скоро…следете

Jaне Ченто, еден од осудените на настаните од „27 април“, на Фејсбук реагира на поранешната судијка во Кривичниот суд, а…

February 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?