Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија ќе ги укинува царините за стоките од САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Македонија ќе ги укинува царините за стоките од САД
ЕКОНОМИЈА

Македонија ќе ги укинува царините за стоките од САД

Објавено June 2, 2025 21:35
Сподели
Сподели

Владата предложи да се укинат царините за стоките од САД. Со Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за Царинска тарифа што го усвои Владата, на маса е ставен предлогот за целосна либерализација на увозот на стоки со потекло од САД, што ќе значи дека стоките што доаѓаат во нашата земја од САД нема да се царинат.

САД се стратешки партнери на нашата земја и соработката со нив е значајна од секој аспект поради што Владата е подготвена да го прошири и продлабочи блиското партнерство помеѓу двете земји што се заснова на заеднички цели, интереси и вредности и да воспостави трајна соработка врз основа на заемен интерес. Приоритет на оваа Влада е да креираме политики со кои ќе создадеме поволно и предвидливо бизнис окружување за сите компании, вклучително и за домашните и странските компании и на таков начин да изградиме силна економија. На ваков начин ќе придонесеме за зголемување на конкуренцијата на домашниот пазар, додека во меѓународната трговија со едностраното намалување на царинските стапки праќаме порака за забрзување на процесот на реципроцитет во меѓусебната трговска размена – нагласи министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

Таа истакна дека по овој потег се очекува и САД реципрочно да возвратат и да бидат укинати царините за македонските производи, но нема прецизни информации кога САД ќе возвратат на ист начин, иако таков потег се очекува.

Работиме нешто во моментов, треба да се стрпиме, па ќе бидеме информирани од министерот за надворешни работи – наведе таа.

Законските измени имаат особено значење за секторот енергетика, но и за автомобилската и метало-преработувачката индустрија, како и во металургијата, а тие значат пониски царински стапки за 67 производ, вклучително и за литиум-јонските батерии од 15 на 2,7 проценти. Таа истакна дека во наредниот период се очекува голем увоз на овие таканаречени „сториџи“ за складирање на електрична енергија која се произведува од обновливи извори.

Ова е од причина што батериите стануваат клучен елемент во балансирањето на енергијата и одржување на стабилноста на системот. Со измените се врши намалување на царинските стапки за 50 отсто на разликата помеѓу нашите постојни царински стапки и царинските стапки за тие стоки во ЕУ. Како пример, таа наведе дека ако царинската стапка на одредена стока кај нас изнесува 20 отсто, а во ЕУ изнесува 10 отсто, со тековните измени стапката се намалува на 15 отсто, со тенденција за идно понатамошно доусогласување – објаснува министерката Димитриеска – Кочоска.

Таа нагласи дека со измените ќе се усогласиме со царинската стапка што се применува во ЕУ за литиум-јонските батерии за складирање електрична енергија во секторот енергетика.

Од 1 јули царинската стапка за нив од 15 отсто се намалува на 2,7 отсто со што директно помагаме во енергетскиот сектор. Ова e од причина што батериите стануваат клучен елемент во балансирањето на енергијата, системските услуги како и во планирањето на предавањето во мрежа на енергијата од обновливи извори на енергија со цел одржување на стабилноста на системот, но и осигурување на физибилноста на обновливите проекти – рече Димитриеска–Кочоска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓоковиќ избори четвртфинале против Зверев на Ролан Гарос
Следна Статија Газдата на Панатанаикос може да заглави затвор поради недолично однесување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Kомпании од одбранбената индустрија заинтересирани за инвестирање во Македонија

Во Министерството за одбрана на месечно ниво доаѓаат по неколку компании од секторот на одбранбената индустрија кои се заинтересирани да…

October 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Дурмиши: Десет пати повисоки казни за нефер трговски практики, се размислува глоби да има и за добавувачите

Десет пати повисоки казни за нефер трговски практики, најавува министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Во интервју за МИА,…

March 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Парите од унгарскиот заем наменети за компаниите не може да се користат за рефинансирање

Парите од унгарскиот заем наменети за компаниите не може да се користат за рефинансирање. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели…

January 31, 2025

Зошто Волстрит е незадоволен со изборот на Трамп за шеф на Федералните резерви

Инвеститорите добиваат нешто што најмногу го мразат: несигурност.

February 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?