Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонските аеродроми меѓу најбрзо растечките во Европа, со рекорден раст од 31% во патничкиот сообраќај
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Македонските аеродроми меѓу најбрзо растечките во Европа, со рекорден раст од 31% во патничкиот сообраќај
ЕКОНОМИЈА

Македонските аеродроми меѓу најбрзо растечките во Европа, со рекорден раст од 31% во патничкиот сообраќај

Објавено June 5, 2026 10:59
Сподели
Сподели

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП Групацијата, продолжуваат да бележат рекордни нивоа на двоцифрен пораст на бројот на патници.

Во првите пет месеци од 2026 година, во периодот јануари – мај, двата македонски аеродроми опслужија 31,2% повеќе патници отколку во истиот период во 2025 година, или вкупно 1,6 милиони патници (1.580.932), додека бројот на летови порасна за 9,5% со вкупно 10.595 опслужени летови.

Истовремено со анализата на статистиката на ТАВ Македонија за првите 5 месеци, Меѓународниот совет на аеродроми – Европа (ACI Europe) ја објави својата анализа на воздушниот сообраќај за април 2026 година, во која Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид се рангирани како најбрзо растечки аеродроми кои доаѓаат од земја надвор од ЕУ.

Според анализата на ACI Europe, додека земјите надвор од ЕУ и земјите во ЕУ бележат негативни бројки на патнички сообраќај (-7,6%) за прв пат по закрепнувањето од Ковид, помал број пазари како што се  Македонија (+30,6%), Албанија (+25,3%) и Молдавија (+24,6%), кои припаѓаат на географска Европа, но се земји надвор од ЕУ, продолжуваат да бележат импресивни зголемувања.

Рекордниот двоцифрен пораст на патничкиот сообраќај во првите 5 месеци (+31,2%), во април (+30,6%), ги позиционира македонските аеродроми меѓу најбрзо растечките авијациски пазари во Европа и како топ – перформери од западниот дел на земји надвор од ЕУ. По аеродромите во Скопје и во Охрид, се аеродромите во Албанија и во Молдавија, исто така со двоцифрен пораст, но под 30%. Ова е силна потврда дека нашите аеродроми успешно реагираат на зголемената побарувачка за воздушен сообраќај и дека земјата станува сè попривлечна и достапна дестинација. Ова достигнување е резултат на континуирани инвестиции во аеродромската инфраструктура, подобрувања на услугите, маркетинг активности, успешна соработка со авиокомпаниите и поддршката од Владата. Особено сме задоволни што, во време кога многу европски пазари доживуваат стагнација или пад на патничкиот сообраќај, Македонија е позиционирана меѓу европските лидери според порастот на бројот на патници, ​​рече Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Според Оливие Јанковец, генерален директор на ACI Europe, април 2026 година претставува јасна пресвртница за европскиот воздушен сообраќај.

„Иако веќе забележувавме нормализација на растот на патничкиот сообраќај по силното постпандемиско закрепнување, геополитичката нестабилност – особено конфликтите на Блискиот Исток – сега дополнително го забавува растот и открива значителни разлики во перформансите на различните пазари. Охрабрувачка вест е дека побарувачката останува генерално силна, прилагодувањата на капацитетот на авиокомпаниите остануваат ограничени, а загриженоста за потенцијален недостиг на гориво за авиони е намалена.“

Според анализата на воздушниот сообраќај на ACI Europe од април 2026 година, меѓу најголемите пазари на ЕУ, аеродромите во Шпанија (+3,7%) и Италија (+2,2%) ги постигнаа најдобрите резултати, додека оние во Германија (-8,5%), Велика Британија (-2,1%) и Франција (-0,9%) забележаа намалување на обемот на патници.

Најдобрите перформанси во ЕУ+ (група која ги опфаќа земјите од Европската Унија, Европската економска област (ЕЕО), Швајцарија и Обединетото Кралство) ги имаат аеродромите во Словачка (+125,2%), Словенија (+14,6%), Естонија (+12,1%), Малта (+13,5%) и Полска (+8,3%).

Заклучокот на ACI Europe е дека – додека средните и малите аеродроми ги надминаа очекувањата, шпанските и холандските центри останаа најотпорни на глобалната геополитичка нестабилност.

Рекордниот двоцифрен пораст на патничкиот сообраќај, од почетокот на 2026 година, ја покажува позитивната насока во развојот на македонските аеродроми, со што се зајакнува позицијата на земјата на европската воздухопловна мапа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Парламентот ја изгласа новата влада на Словенија, предводена од Јанша
Следна Статија Тејлор Свифт е најбогатата музичарка во историјата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

По 17 години – нови правила за одобрување возила од 1 септември: Поевтино, побрзо и 1,3 милиони евра назад кај македонски компании

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) одржа работен состанок со над 40 овластени застапници и импортери на возила…

August 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Аналитичарите очекуваат силен пораст на цените на нафтата

САД и Израел го нападнаа Иран рано наутро во саботата, во она што претседателот Трамп го нарече обид за уништување…

March 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Отворање на понудите за трет мобилен оператор – Граѓаните со очекувања, пазарот со предизвици

Во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска треба да бидат отворени понудите од тендерот за доделување фреквенции за трет мобилен…

August 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Двојно поголема наплата: Рекордни 247 милиони денари од концесии

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) денеска објави дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во…

April 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?