Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонските кошаркари го совладаа Азербејџан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонските кошаркари го совладаа Азербејџан
СПОРТ

Македонските кошаркари го совладаа Азербејџан

Објавено March 2, 2026 19:54
Сподели
Сподели

Македонската машка кошаркарска репрезентација го продолжи максималниот ефект во претквалификациите за пласман на Европското првенство 2029, откако вечерва на гостински терен потешко од очекувањата го совлада Азербејџан во Баку со 78-70 и ја забележа четвртата победа во четвртиот натпревар во рамки на групата А.

Македонските кошаркари одиграа две дијаметрално спротивно полувремиња, лошо влегоа во натпреварот, дозволувајќи му почетна серија на Азербејџан од 8-0 и предност по првата четвртина од 28-19.

Македонските кошаркари делуваа конфузно и во продолжението што домаќинот го искористи за да поведе во 16 минута со највисоки плус 18 поени разлика (43-25).

Сепак, до крајот на полувремето, македонската репрезентација со серија од 9-0 се врати на едноцифрена негатива (37-44).

Стартот на второто полувреме донесе многу поорганизирана игра на „црвено – жолтите“ кои со цврста игра во одбраната и доминација во офанзивните скокови на истекот на третата четвртина дојдоа и до првото водство на натпреварот (58-56).

Со тројката на Лука Стојановски и поените на Андреј Јакимовски, водството на македонскиот состав на стартот од последниот период достигна плус седум разлика (63 – 56) која до крајот рутински ја зачуваа.

Јакимовски беше најефикасен во македонските редови со 22 поени, додека долгогодишниот репрезентативец Војдан Стојановски, кој реализираше поени, испиша историја и стана првиот кошаркар со 90 настапи во националниот дрес.

Двата завршни натпревари во групата А од европските претквалификации избраниците на новиот македонски селектор Жозеп Марија Берокал ќе ги одиграат во јули, против Република Ирска на домашен и против Луксембург на гостински терен.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Преку разни мерки ќе се регулира цената на енергентите, нема потреба од паника, тврди Ристески
Следна Статија Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку Саудиска Арабија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Трифонов ни се закани: Ќе ја гледате ЕУ низ „крива макарона“

Бугарите влегоа во неформална политичка кампања и се фатија за Македонија. Денес лидерот на партијата Има таков народ, Слави Трифонов,…

January 13, 2026
СПОРТ

Свечено затворен ЕМОФ 2025

Со присуство на спортистите учесници на платото пред СЦ „Јане Сандански“ синоќа во Скопје е затворен Европскиот младински олимписки фестивал…

July 27, 2025
СПОРТ

Американците масовно се обложуваат на бојата на дилдото што ќе биде фрлено на паркетот во WNBA

Бесмислениот тренд на фрлање дилда на натпреварите од WNBA продолжи синоќа на натпреварот помеѓу Чикаго и Атланта, а бројни обложувалници…

August 9, 2025
СПОРТ

МАНЧЕСТЕР Е ОБОЕН ВО СИНО Сити триумфираше над Јунајтед (ВИДЕО)

Манчестер сити го доби градското дерби против Јунајтед со 3:0 во четвртото коло, во Премиер лигата. Блескаше стрелецот на два…

September 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?