Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонските одбојкари по максимална победа против Грузија – влезот е слободен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонските одбојкари по максимална победа против Грузија – влезот е слободен
СПОРТ

Македонските одбојкари по максимална победа против Грузија – влезот е слободен

Објавено August 14, 2025 19:41
Сподели
Сподели

Македонската одбојкарска репрезентација в недела во СЦ „Борис Трајковски“ ќе го игра клучниот натпревар за пласман на Европското првенство 2026. Во Скопје ќе гостува Грузија, а македонскиот национален тим е фаворит и ќе бара максимална победа од 3:0 во сетови. Притоа ќе треба да се внимава и противникот да освои што е можно помалку поени.

Ова од причина што по завршувањето на дуелите од претпоследното коло од квалификациите (вчера) македонскиот тим е во борба за едно од петте втори места од седумте групи што носат пласман на Европското. Конкуренти за тоа место се репрезентациите на Австрија и на Норвешка, кои имаат идентичен скор (една победа, два пораза сет количник 4:6, но нашиот тим има подобар поен количник од ривалите).

Од диретните конкуренти во последното коло Австрија в сабота гостува кај Азербејџан, додека Норвешка игра на гости против Црна Гора в недела од 19 часот.

Натпреварот на „црвено-жолтите“ против Грузија почнува во 20 часот, а влезот во СЦ „Борис Трајковски“ е слободен.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Студент од Јамајка измислил квака што се дезинфицира сама
Следна Статија Ослободен Украинец кој бил заробен 4000 дена од Русите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Заем со право на откуп – Родриго ќе заврши во Тотенхем

Според британските и шпанските медиуми, Тотенхем е блиску до договор со Реал Мадрид за позајмицата на Родриго. На „Сантијаго Бернабеу“…

August 23, 2025
СПОРТ

Меси: Секогаш му се восхитував на Зидан и страдав затоа што е од Мадрид

За многумина Зинедин Зидан е еден од најдобрите играчи во историјата. Легендарниот Французин освои се како играч. Беше светски првак,…

November 18, 2024
СПОРТ

Гркот Циципас фатен со 210 километри на час на обиколницата кај Атина

„Паметните“ камери поставени на периферниот автопат „Атики одос“ односно обиколницата кај Атина, го „фатиле“ грчкиот тенисер Стефанос Циципас како вози…

November 20, 2025
СПОРТ

Со овие ракометари ќе настапиме на СП

Македонскиот селектор Кирил Лазаров денеска го објави поширокиот список ракометари за Светското првенство кое во јануари идната година ќе се…

November 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?