Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонски возач казнет во Германија поради надминување на дозволените 90 дена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Македонски возач казнет во Германија поради надминување на дозволените 90 дена
ЕКОНОМИЈА

Македонски возач казнет во Германија поради надминување на дозволените 90 дена

Објавено February 11, 2026 15:29
Сподели
Сподели

Проблемот со продолжениот престој на професионалните возачи во Шенген зоната стана актуелен по казната што денес беше изречена во пристаништето Росток, Германија. Како што известија од „Макам-транс“, македонски возач бил откриен со три дена надминување на дозволените 90 дена во период од 180 дена, по што му е изречена парична казна од 150 евра.

– Возачот ќе ја напушти Германија со авион, а возилото ќе го продолжи друг колега од истото превозно друштво. При напуштање ќе му биде издаден документ со точен датум кога повторно ќе може да влезе во Шенген зоната – појаснија од „Макам-транс“.

Оттаму предупредуваат дека ако возачот по втор пат биде фатен на контрола со надминување на дозволените денови, може да му се изрече забрана за влез во Шенген зоната до пет години.

Во меѓувреме, Европската комисија денес во 14 часот ќе одржи состанок на работната група за донесување конкретни решенија за регулирање на продолжениот престој на возачите. На состнокот ќе учествува и преставник од македонските превозници.

Препораката од експертите е внимателно следење на деновите на престој и избегнување на пристаништата Росток и Салзбург, каде најчесто се вршат контроли. Возачите и превозниците се повикуваат на максимална внимателност за да се избегнат финансиски и административни казни.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Случај „Онкологија“: Пациенти лекувани без биопсија, терапии давани и еден ден пред смртта
Следна Статија Кардиохирургот Едис Љајиќ по потекло од Македонија со помош на роботски систем во Германија оперираше скопјанец со коронарна срцева болест

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Двојно поголема наплата: Рекордни 247 милиони денари од концесии

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) денеска објави дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во…

April 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонската економија мора да излезе од историската замка на ниските плати и евтина работна сила, порача Мицкоски

Македонската економија мора да излезе од историската замка на ниските плати, евтината работна сила и ограниченото производство. До 2030 година,…

December 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Автопатот Кичево – Охрид наеднаш станал поскап за 200 милиони евра без образложение“

За да одиме напред, мора да имаме информации за минатото, поточно што ни остави владата на СДС.Руинирани институции кои тонат…

October 9, 2024
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра

За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра, а само во период од последните 4 години од…

June 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?