Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонски ученици освоија прво, второ и трето место на Олимпијада за роботски спортови во Грција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонски ученици освоија прво, второ и трето место на Олимпијада за роботски спортови во Грција
МАКЕДОНИЈА

Македонски ученици освоија прво, второ и трето место на Олимпијада за роботски спортови во Грција

Објавено April 12, 2025 19:55
Сподели
Сподели

Прво, второ и трето место освоија македонските ученици од СТЕМ Академијата на глобална Олимпијада за натпревар во роботски спортови што се одржува на грчкиот остров Крит, кои се натпреваруваа во категоријата петобој арена каде што самонаведувачки робот во период од четири минути треба да изврши задача, јави дописничката на МИА од Атина.

Марко Ангелов, Стефан Марковски, Павел Попоски, Андреј Крстев, Јаков Петков, Анастасија Дудеска и Неда Бошковска, поделени во тимовите „Space walkers“, „Space walkers Jr“ и „Space walkers girls“, предводени од двајца едукатори-тренери, освојувајќи ги првите три места, беа најдобри во конкретната категорија.

Учениците се на возраст од 13 до 18 години, а пред натпреварот од СТЕМ Академијата за МИА рекоа дека нашите тимови учествуваат во најтешката дисциплина петобој арена каде што самонаведувачки робот во период од четири минути треба да изврши задачи.

Олимпијадата беше свечено отворена синоќа, ќе трае до 14 април а учествуваат 50 земји и 1800 тимови.

Минатиот викенд, ученици од СТЕМ академијата учествуваа на Медитеранскиот СТЕМ натпревар во Атина од каде што се вратија со пет награди.

Македонските ученици, на возраст од осум до 12 години, тогаш се натпреваруваа во две категории, поделени во пет тима, два во помала и три во поголема категорија и имаа различни задачи и предизвици за кои со помош на роботиката со лего коцки, требаше да најдат решенија на задачи за преживување на Марс

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ: Шарената револуција е завршена; наведе пет барања
Следна Статија (ВИДЕО) Омилениот тенисер на Стефан Ѓоковиќ не е татко му

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Ќе има интересни случаи за јавноста поврзани со организиран криминал и висока корупција

Во иднина ќе има доста интересни случаи за јавноста поврзани со организиран криминал и висока корупција. Претпоставувам дека ќе следат…

November 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Коцевски по предлогот за разрешување: Моите одлуки се законски

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски ја демантира законската основа на предлогот за негово разрешување, поднесен од Владата, поради, како што…

February 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Анкета на ИПИС: Криминалот и корупцијата се најголем проблем со кој се соочува Македонија

Криминалот и корупцијата се најголем проблем со кој се соочува Македонија, сметаат граѓаните, покажува најновата анкета на ИПИС. На прашањето:…

November 1, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Славата и делото на Гоце Делчев продолжуваат да живеат

Премиерот Христијан Мицкоски утрово преку својот фејсбук профил изрази почит по повод 122 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце…

May 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?