Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонски филмски триумф во Венеција: „Силјан“ ја освои наградата на најинспиративен филм
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Македонски филмски триумф во Венеција: „Силјан“ ја освои наградата на најинспиративен филм
ЗАБАВА

Македонски филмски триумф во Венеција: „Силјан“ ја освои наградата на најинспиративен филм

Објавено September 5, 2025 11:51
Сподели
Сподели

Во срцето на Венеција, на најстариот и најпрестижен филмски фестивал во светот, Македонија испиша ново златно поглавје.

„Силјан“, новиот документарен филм на двојно оскар-номинираната режисерка Тамара Котевска, ја освои една од најретките награди на Биеналето – „Cinema and Arts Award“, позната и како „Наградата на Музата“, дел од официјалната натпреварувачка програма. Во конкуренција од 20 филмови за ова признание, „Силјан“ го освои првото место и беше прогласен за најинспиративен филм на биеналето.

Иако беше вон главната конкуренција („Out of Competition“) за Златен лав, токму „Силјан“ успеа да се издвои и да замине од Венеција со врвно признание.

„Out of Competition“ е официјална секција на фестивалот, втора по важност веднаш зад „In Competition“. Во неа традиционално се вклучуваат светски автори како Werner Herzog и Sofia Coppola, кои своите нови дела ги претставуваат пред глобалната публика, додека нивните филмови паралелно патуваат и на други А Категорија фестивали. „Силјан“ е еден од ретките филмови што во исто време го освоија и Венеција и Торонто, па токму оваа престижна позиција овозможи да блесне на двете најголеми сцени годинава.

„Ова е мојот најважен филм досега, затоа што во секоја смисла беше најголемиот предизвик за мене и како режисерка и како продуцентка на документарци. Го започнав во време кога филмската индустрија во мојата земја беше во длабока криза, и токму затоа решив да тргнам сама, не сакав да стојам во место. Филм започнат со толку лична инволвираност и страст, за само две години прерасна во она што е денес. „Силјан“ е моја лична приказна, поврзана со моите корени и мојата култура, и затоа можев толку искрено да ја преточам во овој храбар и артистички филм,“ изјави Тамара Котевска за време на доделувањето на наградата.

„Силјан“ е документарна бајка инспирирана од македонскиот фолклор од 17-ти век. Филмот ја следи судбината на Никола, земјоделец кој по тешка криза останува сам и на депонија пронаоѓа бел штрк со повредено крило. Од таа средба започнува магична врска што станува метафора за човечкиот опстанок, нежност и надеж. „Во најзаборавените, но најбогати и живописни предели успеав да најдам приказна што е совршено огледало меѓу животите на белите штркови и човештвото воопшто,“ вели Котевска.

Официјалниот критичар на Венецијанското биенале (Venice Film Festival) вели дека приказната за „Силјан“ има истата извонредна и ненаметната универзалност како „Honeyland“, но со многу подлабок уметнички израз.

Филмот зад себе има импресивен меѓународен тим – од Ciconia Film, преку Concordia Studios и The Cornershop, до продуцентката Anna Hashmi. Jean Dakar стои зад мајсторската кинематографија, а Мартин Иванов ја обликува приказната со беспрекорна монтажа. Музиката е дело на Joe Wilson Davies и Hun Oukpark од студиото на Hans Zimmer и создава повеќеслоен звук што станува невидлив лик во филмот. Јорданчо Петковски е клучен продукциски соработник на Котевска со кого веќе има долгогодишна успешна соработка. Само две недели пред заминувањето во Венеција, тимот го заврши снимањето на првиот долгометражен игран филм на Котевска, „Човек против јато“.

Hollywood Reporter го нарекува филмот „апсолутен шармер, трогателен поглед на врската меѓу човек и птица, со сите нејзини мистерии, топлина и практични предизвици.“ Критиката посочува дека „со мајсторска widescreen кинематографија од Jean Dakar, беспрекорна монтажа од Мартин Иванов и повеќеслоен музички запис од Davies и Oukpark, филмот се движи меѓу раскошни пејзажи и интимни сцени, создавајќи највозбудливи секвенци што фокусот го ставаат на невозможно елегантните птици и нивните гнезда на покриви, камбанарии и електрични столбови.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ: Неетички чин на министерот Филков, судир на интереси или кражба на труд?
Следна Статија Трамп организираше вечера со технолошки лидери, Маск не присуствуваше

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(Фото) Се омажи најбогатата принцеза во Европа: моќниот наследник станува дел од кралското семејство

Принцезата Марија Каролина од Лихтенштајн (28) се омажи за Леополд Мадуро Волмер (33), инвестициски банкар од Венецуела и член на…

September 2, 2025
ЗАБАВА

Мала, но богата европска земја која бара работници: Просечна плата до 6.100 евра и живот за којшто сонуваат многумина

Доколку барате стабилна и добро платена работа со висок квалитет на живот, размислете да се преселите во Луксембург. Луксембург, земјата…

August 31, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Видра снимена на брегот на Охридско Езеро кај Љубаништа

Прекрасното животно го снимиле посетители на овој дел од езерото кој е еден од најживописните и најубавите. извор Охрид1.мк https://www.youtube.com/watch?v=ec0O6XpcDas

August 30, 2025
ЗАБАВА

„Јовано, Јованке“ во изведба на Стјепан Хаусер: Македонија дел од музиката која го обединува светот

Светски познатиот виртуоз на виолончело, Стјепан Хаусер кој беше дел од популарното дуо 2 Celos, и препознатлив по своите страсни…

April 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?