Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонското радио одбележува 81 година од постоењето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонското радио одбележува 81 година од постоењето
МАКЕДОНИЈА

Македонското радио одбележува 81 година од постоењето

Објавено December 28, 2025 10:47
Сподели
Сподели

Македонското радио денеска одбележува 81 година постоење. На овој ден – 28 декември во 1944 година, Македонското радио ја почнува својата мисија со познатото, „зборува радио Скопје“ или во оригинал „зборуе радио Скопје, зборуе радио Скопје“ изговорени во етерот од Владо Малески, писател и борец во НОВ, и потоа растеше од ден во ден. Во 50-тите и 60-тите години од минатиот век радиото стана центар на семејниот живот, единствен извор на информации, музика и култура.

Од МАкедонсото радио велат дека многу слушатели се сеќаваат на легендарни гласови и емисии како што се вестите, 3 гонга и други емисии од едно време, како и радиодрамите кои освојуваа. Тоа беше време на автентични продукции.

Радиото имаше клучна улога во негувањето на македонскиот јазик, музика и култура, со емисии посветени на тоа. Гласовите на радиоводителите беа препознатлив симбол, со личности кои останаа вечни во сеќавањата. Денес, после 81 година имаме дигитализација, разновидност на содржини, поголема слобода во креирањето на програмата. Иако конкуренцијата е голема, радиото успева да ја задржи својата уникатна блискост со слушателите. Македонското радио, радио Скопје е глас на граѓаните, чувар на јазикот и сведок на времето во кое живееме. Златните времиња не се само минато. Нивната традиција и влијание продолжуваат. Македонското радио, радио Скопје не е само медиум, туку и звучна меморија на една земја“, велат од Македонското радио.

Оттаму нагласуваат дека радиото останува симбол на блискост, веродостојност и култура, со посебен фокус на македонскиот идентитет.

Ова Македонско радио го создаваа и го создаваат новинари, уредници, тонци, музичари, хроничари на времето. Тоа се тие што веруваа и веруваат се уште дека јавниот сервис не е само професија туку мисија. 81 година подоцна, Македонското радио, радио Скопје во време на брзи медиумски промени останува медиум на доверба, непосреден, човечки и присутен. 81 година потоа Македонското радио, радио Скопје е традиција што зборува и глас што трае. Гласот на радиото носи топлина и блискост. Во секакви ситуации радиото е најбрз и најсигурен извор на информации. Ја потикнува имагинацијата – сликите се создаваат во умот. Во дигиталната ера радиото се прилагоди со онлајн стримови и мобилни апликации. Тоа е медиум што ја негува блискоста, веродостојноста и културната поврзаност. Иако светот се менува радиото останува глас што се слуша – симбол на континуитет и поврзаност со народот. 81 година потоа Македонското радио, радио Скопје сеуште зборува. Нека времето го бележи постоењето. Среќен роденден!!!“, порачуваат од Македонското радио.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Враќање на неакцептирани новогодишни подароци? Можни се дополнителни трошоци
Следна Статија Бучавата на генераторите во Сан Франциско: Предизвик за заедницата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за оставката на Комисијата за помилување: Кога ќе се констатира грешката, ако се превземе одговорност, тогаш тоа е доблесно

Жив човек кој работи, знае и да погреши. Кога ќе се констатира грешката, ако се превземе одговорност, тогаш тоа е…

October 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Нашето законодавство има предвидено се што е потребно за лицата на црната листа на САД, смета Мицкоски

Владата нема да презема чекори спротивни на Уставот, туку секогаш ќе работи во насока на позитивните законски норми и Уставот…

December 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Таткото на загинатиот Мартин Сипковски вели: Тој не беше сторител, туку жртва на манипулации и страв

Дејан Сипковски, таткото на 21-годишниот Мартин Сипковски кој загина во експлозија во стан во Белград, се огласи на Фејсбук со…

October 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ина Многуфина за пратениците: Бугарски пратеник собра 35 000 евра и ги донесе, нашиве одмор земаа

„Во време на крах на системот кога е нужно да се лоцираат сите закони кои треба да се сменат, оние…

March 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?