Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонците лани направиле 12,4 милиони онлајн трансакции и потрошиле 427,8 милиони евра, најмногу купувале авиобилети и резервирале хотели
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Македонците лани направиле 12,4 милиони онлајн трансакции и потрошиле 427,8 милиони евра, најмногу купувале авиобилети и резервирале хотели
ЕКОНОМИЈА

Македонците лани направиле 12,4 милиони онлајн трансакции и потрошиле 427,8 милиони евра, најмногу купувале авиобилети и резервирале хотели

Објавено April 23, 2026 11:40
Сподели
Сподели

Македонците со своите платежни картички во странство потрошиле 427,8 милиони евра на онлајн трансакции и направиле 12,4 милиони трансакции, купувајќи производи и услуги најчесто поврзани со патувања (авиобилети и резервации на хотели), соопшти Асоцијацијата за е-трговија која ги анализираше објавените податоци од Народната банка за платежни трансакции со платежни картички според типот на уредот (географска поделба по земји) во 2025 година.

Во однос на 2024 година, Македонците потрошиле 50% повеќе во вредност, додека бројот на е-трансакциите е зголемен за 69%. Просечната трансакција изнесува 34 евра и е помала за 11% во однос на минатата година. При тоа, 74% од вредноста и 83% од бројот на направените трансакции се во Ирска, Холандија, Обединето Кралство, САД, Унгарија, Германија, Кипар и Луксембург.

Македонците оствариле најголема вредност на е-трансакции во Ирска, во износ од 92,1 милиони евра, со пораст од 173% во однос на минатата година, додека во Холандија е остварена вредност од 62.4 милиони евра и пораст од 49% во однос на минатата година.

Анализата покажува дека во Ирска е направен и најголем број или 4,8 милиони е-трансакции од страна на Македонците, а потоа 2,1 милиони во САД, додека најголем годишен пораст на бројот на е-трансакциите во 2025 година е забележан во Германија скоро 650%, а во Кипар 263%. Пад е забележан во Луксембург на бројот на е-трансакциите од скоро 50% и во Обединетото Кралство од скоро 9%.

Највисока просечна вредност на е-трансакција Македонците оствариле во Унгарија од 152.2 евра, иако помалку од лани за 2.1%, додека во Луксембург направиле најниска просечна трансакција и истата изнесува 14.1 евра. Во 2025 година се забележува драсатичен пад на просечната трансакција во Германија од скоро 70% која минатата година беше највисока и изнесуваше 214.2 евра.

 

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се огласи ОЈО Скопје по апсењето на Сејдини
Следна Статија Нашите туристички организации бараат одложување на EES системот на грчките граници за македонските државјани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Трамповите закани за царини влијаат врз азиските финансиски пазари

Европските и американските берзански идни вредности паднаа, а сигурните средства како златото пораснаа по предлогот на претседателот Доналд Трамп за…

January 20, 2026
ЕКОНОМИЈА

ОПЕК со симболично зголемување на производството, по излегувањето на Обединети Арапски Емирати

Главните земји членки на ОПЕК и ОПЕК+ се договорија за скромно зголемување на квотите за производство на нафта за јуни,…

May 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Платите за март на здравствените работници поголеми за 15 отсто, од април и повисоки пензии за 2 500 денари

Платите на здравствените работници за март ќе бидат поголеми за 15 отсто, а до крајот мандатот ќе бидат покачени за…

March 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поништена јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи

Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси…

May 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?