Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонците најмногу трошат на храна, пијалаци и тутун
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Македонците најмногу трошат на храна, пијалаци и тутун
ЕКОНОМИЈА

Македонците најмногу трошат на храна, пијалаци и тутун

Објавено August 3, 2025 10:54
Сподели
Сподели

Прометот во малопродажбата во Македонија бележи сериозен раст – особено кај трговијата со храна, пијалаци и тутун, објави Државниот завод за статистика.

Според официјалните податоци, во јуни 2025 година, во споредба со истиот месец лани, реалната стапка на прометот во оваа категорија е зголемена за 22,5%, додека номиналниот пораст изнесува дури 31,5%.

Податоците покажуваат дека растот не е ограничен само на прехранбени производи. Во категоријата непрехранбени продукти (освен гориво), реалниот раст е 5,2%, а номиналниот 9,2%. И воопшто, во сите групи (освен трговијата со горива), реалната стапка на пораст е 13,9%, а номиналната 20,4%.

Значаен раст е забележан и во трговијата со автомобилски горива, каде реалниот пораст е 8,3%, а номиналниот минимален – само 0,7%, што упатува на стабилизација на цените на горивата, но и на зголемена потрошувачка.

Овие бројки сигнализираат позитивен тренд во потрошувачката, што може да се толкува како знак на зголемена економска активност и доверба кај потрошувачите. Во период кога многу европски економии бележат стагнација, Македонија регистрира стабилен раст на малопродажниот промет, особено кај основните прехранбени производи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Џамбазов: На оваа генерација подраг ѝ е Ацо Пејовиќ од Миле Кузмановски, Гоца Тржан од Каролина Гочева…
Следна Статија СДСМ: Борко Ристовски треба да си поднесе оставка за резил олимпијада и за хаосот во спортот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Бислимовски: Цената на струјата не е причина за високите сметки, туку потрошувачката не била добро предвидена

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, во емисијата „Стдуио 10“ утринава на ТВ24 рече дека цената не е…

February 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски најави директни летови од Скопје за Амстердам и Париз

Годинава ќе се отворат уште четири нови директни авионски линии од скопскиот аеродром. Тоа се директните летови за Амстердам и…

January 5, 2025

Идните акциски пазари паѓаат додека Amazon продолжува да предизвикува технолошки предизвици

Четврточасовната акција беше проследена со грубден на Вол стрит, при што пазарот повторно беше оптоварен од технолошки акции

February 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Нови работни места и инвестиции за Македонија

Имаме амбициозна програма со која започнавме да ја менуваме сликата за Македонија. Ја реализираме наголемата инвестициона активност во патната мрежа…

October 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?