Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонци заминуваат кон грчките плажи, продолжениот викенд предизвика хаос на „Богородица“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонци заминуваат кон грчките плажи, продолжениот викенд предизвика хаос на „Богородица“
МАКЕДОНИЈА

Македонци заминуваат кон грчките плажи, продолжениот викенд предизвика хаос на „Богородица“

Објавено September 6, 2025 09:34
Сподели
Сподели

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, но зголемената фреквенција на возила поради летните одмори и продолжениот викенд во Македонија предизвикува гужви на граничните премини.

Најголеми задржувања моментално се бележат на ГП Богородица, каде за излез од државата се чека околу 40 минути до 1 час. На ГП Табановце, пак, времето на чекање за влез и излез изнесува околу 30 минути. Од другите гранични премини од македонска страна не се евидентирани подолги задржувања.

АМСМ ги потсетува возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат сигнализацијата и да бидат особено внимателни на делниците низ котлини, речни долини и клисури каде е можна појава на одрони. Како критични делници се наведуваат Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Воедно, возачите треба да бидат подготвени за времен режим на сообраќај. Од 3 септември започнуваат градежни истражувачки работи на делницата Гостивар – Тетово, што ќе траат две недели и ќе се одвиваат под изменет режим. Дополнително, во тек е и санација на мостот Здуње на државниот пат А2 (Гостивар – Стража), каде е воспоставена семафоризација и наизменично пропуштање на возилата во период од шест месеци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Земјотрес во Македонија
Следна Статија Рашковски сакал да помина граница криејќи 20.000 евра кај менувачот на автомобилот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен од денес на турнеја низ Западен Балкан, во среда ќе пристигне во Скопје

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен денеска од Тирана ја почнува својата тридневна турнеја низ земјите од регионот…

October 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста

Нашата визија е јасна, сакаме јавна администрација којашто ќе биде пример за ефикасност, транспарентност и отчетност, истакна премиерот Христијан Мицкоски…

November 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Повикот за бојкот на маркетите добива се поголема поддршка, Владата со засилени контроли во трговските ланци

По повиците на социјалните мрежи граѓаните во петок да не пазаруваат во маркетите поради високите цени како што тоа се…

January 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДИК: Доставени 69 иницијативи за градоначалници на општините и за градоначалник на Град Скопје

До вчера на полноќ до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) доставени се вкупно 69 иницијативи за…

September 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?