Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Макрон: Европските земји треба да ги зголемат воените трошоци меѓу 3 и 3,5 отсто од БДП
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Макрон: Европските земји треба да ги зголемат воените трошоци меѓу 3 и 3,5 отсто од БДП
СВЕТ

Макрон: Европските земји треба да ги зголемат воените трошоци меѓу 3 и 3,5 отсто од БДП

Објавено March 3, 2025 10:13
Сподели
Сподели

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика европските земји значително да ги зголемат годишните воени трошоци, на повеќе од 3 отсто од БДП. Оваа порака тој ја испрати по итниот состанок за Украина, кој се одржа во Лондон.

Додека балтичките земји веќе некое време бараат воените инвестиции да се зголемат на најмалку 3 отсто од БДП, а актуелниот американски претседател Доналд Трамп бара до 5 отсто, Макрон сега за првпат конкретно изјави колку Европа треба да одвои според него.

„Русите трошат 10 отсто од својот БДП за одбрана во последните три години. Мораме да се подготвиме за она што доаѓа, а нашата цел треба да биде меѓу 3 и 3,5 отсто од БДП“, рече Макрон во интервју за францускиот весник „Фигаро“. Франција моментално троши 2,1 отсто од својот БДП за одбрана, што е нешто над целта на НАТО од 2 отсто, која Париз ја постигна дури минатата година.

Европа, пак, се обидува да договори заеднички одговор на новата американска политика кон Украина. Вашингтон се повеќе и врти грб на Европа и бара договор со Русија, а стравувајќи за иднината на НАТО, европските земји сакаат да ги зајакнат сопствените воени капацитети и да покажат подготвеност да ги споделат трошоците во алијансата за да ја задржат американската поддршка.

Европскиот совет во четврток одржува специјален самит за одбраната и Украина, а лидерите се очекува да разговараат за начините за финансирање поголеми воени инвестиции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хали Бери го бакна Адриен Броди пред сите и и се извини на неговата девојка: „Чекав 21 година“ (ВИДЕО)
Следна Статија САД воведуваат државни резерви во криптовалути

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Сè снимено на камера: Брутална тепачка на лет од Загреб до Малме, патниците бегаат во паника

Двајца мажи имале брутална физичка пресметка во авион на „Рајанер“ на лет од Загреб до Малме, Шведска, потврдија повеќе извори,…

July 27, 2025
СВЕТ

Бајден ја осуди одлуката на Мета да ја прекине програмата за проверка на факти

Американскиот претседател Џо Бајден остро ја критикуваше одлуката на компанијата Мета да ја прекине програмата за проверка на фактите, нарекувајќи…

January 12, 2025

Пукање на две членови на Националната гарда во Вашингтон: Што треба да знаете

Полицијата соопшти дека осомничениот е во притвор и истрагата е во тек.

November 28, 2025
СВЕТ

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

Додека Володимир Зеленски и Урсула фон дер Лајен ја одржуваа заедничката прес-конференција во Брисел пред утрешната средба со него во…

August 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?