Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Малата Данка исчезна пред точно една година, нејзиното тело сѐ уште не е пронајдено
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Малата Данка исчезна пред точно една година, нејзиното тело сѐ уште не е пронајдено
БАЛКАН

Малата Данка исчезна пред точно една година, нејзиното тело сѐ уште не е пронајдено

Објавено March 26, 2025 12:53
Сподели
Сподели

Една година по исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ во Бањско Поле кај Бор во Србија, а клучните докази сѐ уште ги нема. Телото на девојчето не е пронајдено, на местото на злосторството не се пронајдени биолошки траги, а обвинетите работници на „Водовод“ во Бор ги повлекле признанијата и тврдат дека биле принудени.

Во меѓувреме, како што има сомнеж, Далибор Драгиевиќ, братот на еден од осомничените, бил убиен за време на полицискиот распит. Неговиот случај е префрлен во друго обвинителство, но и по 11 месеци, никој не одговара за неговата смрт. Се поставува прашањето дали правдата ќе биде задоволена за случајот со исчезнатото девојче, пишува „Нова.рс“.

Работниците од „Водовод“ во Бор се обвинети за убиството на малата Данка, кои се товарат дека кобниот ден со службеното возило го удриле девојчето, а потоа телото го ставиле во автомобилот.

Според полицијата и Обвинителството, Данка во еден момент се освестила по што еден од осомничените наводно ја убил.

Иако осомничените првично го признале делото во полиција, подоцна на распитот во Обвинителството ги повлекле изјавите тврдејќи дека биле принудени со тепање во полициската станица. Оттука, Обвинителството остана со задача да го изгради обвинението против нив врз други докази. Тврдењата за злоупотреба при сослушувањето исто така ја доведоа во прашање веродостојноста на досега собраните докази, додека сѐ уште нема одговор на прашањето каде е телото на Данка Илиќ.

И покрај опсежното пребарување на Бањско Поле и околните села, полицијата не успеа да најде ниедна трага за локацијата на телото. Стотици полицајци со денови ја пребаруваа областа, но безуспешно.

Тие се фокусираа конкретно на депонијата, каде што осомничените претходно тврдеа дека го скриле телото. Реонот бил пребаруван неколкупати, но без никакви траги што укажуваат на присуство на девојчето.

Друго важно прашање на кое надлежните институции не нудат одговори е како е можно на местото на злосторството да нема биолошки траги од Данка Илиќ. Досега се анализирани повеќе од 500 примероци од автомобилите што ги користеле осомничените тој ден, но ниту на ниеден не е пронајдена нејзината ДНК.

Покрај неизвесноста за исчезнувањето и убиството на Данка Илиќ, контроверзно е и тоа што полициските службеници одговорни за смртта на Далибор Драгиевиќ во полициската станица во Бор сè уште не се кривично гонети. Поминаа повеќе од 11 месеци од неговата смрт, а никој не е уапсен, иако обдукцијата покажа дека се работи за насилна смрт и дека има сериозни повреди.

Далибор Драгиевиќ, да потсетиме, почина во април минатата година на распит во полициската станица во Бор. Српското МВР тогаш соопшти дека му се слошило на распитот и дека починал од природна смрт. Сепак, како што откри порталот „Радар“, Драгиевиќ бил претепан, а обдукцијата потврдила тешки физички повреди.

И покрај овие информации, до денес не е поведено обвинение ниту, пак, некој одговара за неговата смрт. Случајот првин го водело Вишото јавно обвинителство во Заечар, а подоцна е префрлен во Ниш. Драгиевиќ е брат на еден од осомничените за убиството на Данка Илиќ, што дополнително ги продлабочува сомнежите и отвора голем број прашања за работата на институциите.

Поврзаноста меѓу овие случаи и фактот дека и двата се под истрага го отвора прашањето дали некогаш одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Видевски ги негира наводите за убиствата на Вања и Панче, Кешишев ќе сведочи на следното рочиште на 2 април
Следна Статија Интерпол наскоро распишува потерница за Милорад Додик?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

На родителите на Данка Илиќ им земаа ДНК, случајот се враќа од почеток

Родителите на Данка Илиќ, Милош и Ивана, уште еднаш одговараа на прашања за теориите на заговор во врска со исчезнувањето…

February 10, 2025
БАЛКАН

Словенија го забрани величење на четниците и усташите

Парламентот на Словенија гласаше за измена на Законот за зачувување на јавниот ред и мир, со кој се забранува величење…

December 25, 2024
БАЛКАН

Каде исчезна Гинисовиот лустер од хотелoт „Југославија“

Хотелот „Југославија“ во Белград, еден од симболите на моќта и престижот на поранешна Југославија, кој во тоа време го посетија…

January 13, 2025
БАЛКАН

Новинарите го бојкотираа Албин Курти – ги спуштија микрофоните додека тој ја напушташе зградата на Собранието

Новинари и камермани од локалните медиуми го бојкотираа лидерот на Самоопределување, Албин Курти, при напуштањето на зградата на косовското собрание…

April 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?