Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мала, но богата европска земја која бара работници: Просечна плата до 6.100 евра и живот за којшто сонуваат многумина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Мала, но богата европска земја која бара работници: Просечна плата до 6.100 евра и живот за којшто сонуваат многумина
ЗАБАВА

Мала, но богата европска земја која бара работници: Просечна плата до 6.100 евра и живот за којшто сонуваат многумина

Објавено August 31, 2025 09:43
Сподели
Сподели

Доколку барате стабилна и добро платена работа со висок квалитет на живот, размислете да се преселите во Луксембург.

Луксембург, земјата со највисоко БДП по глава на жител во Европа бара работници, нудејќи просечна плата од 6.118 евра месечно и многу ниска стапка на невработеност од само 5,7 отсто.

На порталот „EURES“ моментално се достапни над 2.700 огласи за работа, од кои многу од нив не бараат високо образование.

Преселувањето во државата исто така не е комплицирано, државјаните на земјите на ЕУ не мора да вадат виза, а единствена обврска е пријавувањето на престој по три месеци.

Ова мало, но богато европско кралство кое се граничи со Франција, Белгија и Германија, е едно од најдобрите места за живеење и работа во Европа.

Просечната годишна плата во Луксембург изнесува 73.418 евра, што е околу 6.118 евра месечно. Минималната заработка е 2.570 евра за неквалификувани работници и 3.085 евра за квалификувани.

За квалификувани работници се сметаат луѓето кои исполнуваат барем еден од критериумите напишани од страна на национални законодавци, на пример поседува соодветен сертификат за извршување работа или има најмалку десет години работно искуство во таа област.

Луксембург не привлекува само со високата заработка, таму е тешко да останете без работа. Земјата бележи најниска стапка на невработеност во еврозоната, од само 5,7 отсто. Покрај тоа, значително се повисоки платите, на пример за разлика од Полска и работната недела е во корист на вработените: додека во Полска тоа се 38,9 часа неделно, во Луксембург тоа се 35,5 часа, што значи повеќе слободно време.

Сепак, треба да се земе предвид дека животот во Луксембург е значително поскап од поголем дел од останатите земји, според меѓународниот индекс на трошоци за живот.

На пример, стан од 85 метри квадрати во центарот на градот ќе го плаќате и повеќе од 2.500 евра месечно. Храната и превозот исто така се скапи, но во помала мера од киријата. Од друга страна, здравствената заштита и лековите често се попристапни благодарение на ефикасниот јавен систем.

Кои професии моментално се достапни во Луксембург?

На порталот „EURES“ моментално има над 2.700 огласи за работа во Луксембург, кои покриваат различни профили. Се бараат квалификувани работници и оние без стручна подготвеност.

Во некои огласи не се бара ниту диплома од факултет ниту познавање на француски јазик.

Меѓу професиите кои се бараат се следните: механичари, електричари, вулканизери, водоинсталатери и ѕидари. Се бараат и професионалци како градежни техничари, инженери за податоци, техничари за одржување станици и пејзажни архитекти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДЗС: Телекомуникациските услуги поскапи за еден процент во вториот квартал на годишно ниво
Следна Статија Свечено откриен споменикот на Александар Турунџев во Битола

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Три хороскопски знаци ќе живеат драстично подобро од 8 јули 2025 година

Растечката Месечина во Стрелец поттикнува експанзија, а 3-те хороскопски знаци ќе живеат драстично подобро од 8 јули 2025 година. Според…

July 8, 2025
ЗАБАВА

На 4 ноември очекувајте небесен спектакл: Најголема и најсветла полна Месечина во 2025

На 4 ноември, Месечината ќе приреди небесен спектакл, најголемата и најсветлата полна месечина во 2025 година. Овојпат Месечината ќе биде…

November 3, 2025
ЗАБАВА

Џеј Ло за развод од Бен Афлек: Ништо не е случајно, се се случува со причина

Џенифер Лопез за британскиот Вог коментира дека ги надминува тешкотиите по разводот со Бен Афлек. Актерката зборуваше за магазинот по…

December 23, 2024
ЗАБАВА

Светот во 2024 година остана без Ален Делон, Доналд Сатерленд, Меги Смит, Квинси Џонс…

Доналд Сатерленд, Роберто Кавали, Ален Делон, Франц Бекенбауер, се дел од најпознатите личности од светот на филмот, модата, науката, спортот…

December 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?