Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Малолетник објавил дека сака да се самоубие, полицијата спречи трагедија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Малолетник објавил дека сака да се самоубие, полицијата спречи трагедија
ХРОНИКА

Малолетник објавил дека сака да се самоубие, полицијата спречи трагедија

Објавено March 1, 2026 19:19
Сподели
Сподели

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие, при редовните активности за следење на дигиталниот простор, беше детектирана објава на социјална мрежа со содржина што укажуваше на можна намера за самоубиство од страна на малолетен корисник.

Веднаш по добиените сознанија беше постапено итно и координирано, при што беа преземени сите неопходни мерки и активности за утврдување на идентитетот и локацијата на лицето. За кратко време корисникот беше пронајден, извршен е разговор и констатирано е дека лицето е безбедно и во добра состојба.

За настанот се известени и родителите, кои се запознаени со целокупната состојба и понатамошните чекори.

-Овој настан уште еднаш ја нагласува важноста од внимателно следење на однесувањето на младите во дигиталниот простор. Апелираме до родителите да одржуваат редовна и отворена комуникација со своите деца, да покажуваат интерес за нивните активности на социјалните мрежи и да реагираат навремено при забележување повлеченост, вознемиреност, заканувачки или загрижувачки објави и други несвојствени однесувања, велат од МВР.

Воедно, упатуваатапел и до пријателите, соучениците и сите корисници на социјалните мрежи: доколку забележат објави со содржина што упатува на самоповредување, безнадежност или најави за самоубиство, веднаш да ги искористат механизмите за пријавување на самата платформа, а доколку им е познат идентитетот на лицето, да известат родител, старател, наставник, друго возрасно лице или најблиската полициска станица.

-Навремената реакција може да спаси човечки живот. Заедничката одговорност, вниманието и грижата се клучни во спречувањето на трагедии. Секторот за компјутерски криминал останува посветен на заштитата на граѓаните во дигиталниот простор и ќе продолжи со засилени активности во насока на рано откривање и превенција на ризични појави, велат од МВР

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Иран предупредува на „тешки последици“ за САД и Израел
Следна Статија Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Кумот Гоце конечно ќе сведочи за потрагата по Вања

На следното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски конечно како сведок ќе се појави Гоце Трајковски, стариот…

February 3, 2025
ХРОНИКА

Пукање пред Општина Куманово, ранет кандидат за советник на ДУИ, полицајци со панцири ја блокираа општината

Престрелка се случи претпладнево пред зградата на Општина Куманово, а според неофицијални информации ранет е кандидат за советник во Општина…

October 7, 2025
ХРОНИКА

Двојно убиство и самоубиство во Велес

Денеска околу 15:30 часот на улицата „Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет. Станува…

September 15, 2025
ХРОНИКА

Сообраќајка во Волково: Возило излета од патот и заврши во двор

Автомобил се превртел на патот од скопско Ново село кон Волково, кој стои раскопан повеќе од година и половина, а…

April 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?