Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Маневска: Десет години не биле сменети хепа филтрите на ПЕТ центарот, од петок повторно во функција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Маневска: Десет години не биле сменети хепа филтрите на ПЕТ центарот, од петок повторно во функција
ЗДРАВЈЕ

Маневска: Десет години не биле сменети хепа филтрите на ПЕТ центарот, од петок повторно во функција

Објавено February 19, 2025 18:18
Сподели
Сподели

Единствениот државен ПЕТ-центар не работи три недели. Министерството за здравство беше информирано дека поради неопходно сервисирање, ќе има застој. Од петок веќе сѐ продолжува да си функционира нормално, изјави за МИА директорката на Универзитетскиот институт за позитронско-емисиона томографија, Невена Маневска.

– Десет години не беа сменети хепа филтрите во ПЕТ-центарот. Заради нивна презаситеност и затекната нарачка на погрешни филтри, мораше да се набават соодветни со што процесот во одделот за производство на радиоизотопи и синтеза на радиофармацевтици ќе тече непречено, појасни Маневска за МИА.

Таа вели дека наредниот месец е планирано да се зголеми бројот на прегледи, со цел да не страдаат пациентите. Здравствениот персонал веќе бил информиран за тоа.

– Го начекав ПЕТ-скенот со 700 пациенти на листа на чекање. Откако сум на функција, двојно се зголемени термините. Благодарение и на кадарот, намалена е листата на чекање за преглед. Правам сѐ за да се намали листата на пациенти кои чекаат за преглед, нагласи Маневска.

Од Министерството за здравство за МИА изјавија дека станува збор за редовен сервис за промена на хепа филтрите што покажале заситеност и без кои процесот не може да тече, а за „секоја промена законски мора да се направи реквалификација на чистите соби во одделот за производство на радиоизотопи и синтеза на радиофармацевтици, а истовремено оваа процедура е неопходна за воведување нова метода во интерес на пациентите со цел зајакнување на дејноста“.

– Од страна на новото раководство на ПЕТ-центарот, веднаш е направен и нов динамичен план за надминување на затекнатиот проблем со листи на чекање во оваа установа. Сега листите на чекање се двојно намалени за разлика од претходно, се наведува во писмениот одговор на прашањата на МИА.

Претходно, од СДСМ реагираа дека еден месец не функционира единствениот државен ПЕТ-скенер.

– Поради ова, пациенти од целата земја, чии терапии директно зависат од оваа дијагностичка процедура, се оставени без неопходното скенирање. Наместо соодветен третман во јавното здравство, тие се принудени да бараат алтернативни решенија во приватните болници, каде што цените се екстремно високи, или во здравствени установи во регионот, што дополнително го зголемува нивниот финансиски и психолошки товар, реагираа од СДСМ.

СДСМ побара одговорност од директорката Маневска и од министерот за здравство Арбен Таравари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп го нарече Зеленски „диктатор“
Следна Статија (ФОТО) Ракометарите и Мукаетов, специјални гости на Агелер во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Нема глукомери и ленти, велат од Здружението на дијабетичари

Пациентите со дијабетес повторно алармираат за недостиг на глукомери, ленти и сензори, проблем што, според Здружението на дијабетичари, трае веќе…

April 11, 2026
ЗДРАВЈЕ

Доктор Лазаров за чадот низ Скопје: KN95 маските се измислени за ова

Познатиот доктор Ненад Лазаров, алармира за опасноста од чадот предизвикан од пожарите на депониите во околината на Скопје. Алудира дека…

September 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Изгорениците на пациентите во пожарот беа од 15 до 20 проценти, еден имаше од трет степен, вели докторка од Солун

Тој ден, на 16 март, добивме повик од Националниот здравствен центар во поглед на расположивоста на кревети за жртви на…

March 15, 2026
ЗДРАВЈЕ

Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог

Се трудиме да ги изгаснеме огновите кои сме ги наследиле и со стратегија да ги подобриме состојбите, а веќе од…

January 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?