Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Манев: Ни фалеа пари за партијата, така се јави идејата за грабнување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Манев: Ни фалеа пари за партијата, така се јави идејата за грабнување
ХРОНИКА

Манев: Ни фалеа пари за партијата, така се јави идејата за грабнување

Објавено March 24, 2025 13:44
Сподели
Сподели

Обвинетиот Велибор Манев, за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, одговараше на прашања од судијата Ивица Стефановски. Тој раскажа како дошле до идеја за грабнување.

„Требаше да се оформува партија и ни фалеа пари. Така се роди идејата за грабнување. Реков претходно дека 150 илјади евра ни беа ветувани, но откако виде дека не е таа жена, ни рече дека ќе се обиде да извади по 20 илјади евра по човек. Се двоумеше Палчо меѓу поранешен директор на Гранит и оваа ќерка на фармацевт. Имавме намера да грабнеме едно лице“, рече Манев.

Манев, одговарајќи прашањата на судијата Ивица Стефановски, рече дека продолжил да учествува во планот и по убиството на Жежовски бидејќи првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо му се заканил дека ќе ги убие и него и неговата фамилија.
Прашан да го опише пиштолот со кој биле извршени убиствата, Манев рече дека не се разбира во оружје и марки на пиштоли. Рече само дека бил црна боја.

Судијата Стефановски го праша и за ранецот во кој, како што кажа Манев на претходното рочиште, Палевски ги ставил пиштолот и ‘моторолите’.

„Син ранец на една прерамка, не беше многу голем. Перничето, кое беше употребено, не знам од каде го зеде. Во близина имаше ѓубриште. Не видов од каде го зеде, само го видов како ѝ приоѓа со перничето и со пиштолот“, кажа Манев.

Рече дека цело време тој го управувал „ситроенот“ од грабнувањето на жената од зградата. Повторно опиша дека се движеле, онака како што се гледало на камерите што беа прикажани на минатите рочишта, од кои дел беа од „Безбеден град“, а дел од безбедносни камери од објекти.

На прашање на судијата како се родила идејата за грабнувањата, кажа дека тоа било во 2022 година, за да се надомести, како што кажа, недостигот на финансии. Палевски ветувал 150 000 евра, но откако видел дека не е таа жена рече дека ќе извади дваесетина илјади евра, кажа Манев. Рече дека се размислувало за директорот на „Гранит“, Сашо, и за ќерка на фармацевт.

На прашање на судијата, нагласи дека се планирало грабнување на само едно лице. Потврди дека кога ја грабнувале жената носеле ракавици за да не остават траги и отпечатоци. Рече дека само на слика го видел женското лице што требало да го грабнат.

Прашан да ги опише настаните по заминувањето на Палевски надвор од земјата, Манев повторно рече дека првообвинетиот за убиствата првично му кажал дека заминува за Москва, за по неколку минути да му се јави и да му каже дека е на граница со Турција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Ги оправдувам протестите, но не и политичките глодари кои гледаат шанса за некој поен
Следна Статија Мицкоски: За првпат имавме раст од 3% и сме меѓу првите пет земји со најбрзорастечки економии во Европа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тетката на Вања: Александар ми рече да барам помош од Илон Маск

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на…

November 13, 2024
ХРОНИКА

Маж пронајден мртов во куќа во Кавадарци, сомнежи за убиство

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во куќа во која беше пронајдено безживотно…

August 5, 2025
ХРОНИКА

Затворен патот Струмица – Ново Село поради сообраќајка

Сообраќајна несреќа го затвори магистралниот пат од Струмица во Ново Село. „Од 14:10ч. сообраќајот на магистралниот пат А4, Струмица –…

November 9, 2025
ХРОНИКА

Кривични за шестмина возачи за –„безобзирно управување со моторно возило“

Полициски скужбеници од повеќе сектори за внатрешни работи во текот на викендов исклучувајќи ги од сообраќај од слобода лишија шестмина…

June 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?