Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Марта Кос доаѓа во Македонија во рамки на регионалната обиколка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Марта Кос доаѓа во Македонија во рамки на регионалната обиколка
МАКЕДОНИЈА

Марта Кос доаѓа во Македонија во рамки на регионалната обиколка

Објавено June 14, 2026 15:07
Сподели
Сподели

Еврокомесарката за добрососедска политика и проширување Марта Кос наскоро ќе престојува во Македонија во рамки на нејзината редовна обиколка на земјите од регионот, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека станува збор за една од вообичаените посети на европските претставници на земјава и ја искористи можноста да ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека Владата е меѓународно изолирана.

Мицкоски нагласи дека во изминатите два месеца остварил билатерални средби со турскиот претседател, францускиот претседател и германскиот канцелар, а во Македонија престојувале и други високи европски претставници.

Тој потсети и на посетите и средбите со хрватскиот премиер, австрискиот канцелар и претседателот на Европскиот совет, оценувајќи дека тоа е доказ за активната меѓународна комуникација на Владата.

Премиерот додаде дека претстојната посета на Марта Кос е дел од нејзините редовни активности во регионот и уште една потврда за континуираната соработка со европските институции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Силјановска Давкова: Македонија не прифаќа „молчи и слушај“, време е за политика базирана на докази
Следна Статија Што видовме досега на СП: Залутани репрезентации, здодевни мечеви

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Маја Сиванјанам е новата амбасадорка на Велика Британија во Македонија

Нова амбасадорка на Обединетото Кралство во Македонија ќе биде Маја Сиванјанам. Како што објави британската Амбасада на својата Фејсбук страница,…

May 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Нема да се градат хемиски фабрики во Ѓорче Петров, вели Стојкоски

Во општина Ѓорче Петров нема да се градат хемиски фабрики! Вака, Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров, ги демантираше…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

УХМР најавува продолжен викенд под темни облаци, грмежи и пороен дожд

УХМР најавува дестабилизација на времето за продолжениот викенд, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места во земјата.…

May 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Даваме силна подршка за Студеничани, преку Министерството за транспoрт ги подобруваме патиштата во општината

Министерството за транспорт дава силна подршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти. Во општина Студеничани со средства од Министерството…

March 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?