Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Марта Кос: Македонија е шампион на Планот на раст за Западен Балкан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Марта Кос: Македонија е шампион на Планот на раст за Западен Балкан
МАКЕДОНИЈА

Марта Кос: Македонија е шампион на Планот на раст за Западен Балкан

Објавено April 16, 2025 08:27
Сподели
Сподели

Македонија е наш шампион кога се работи за Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан, што навистина добро функционира и таа прва ги доби средствата за предфинансирање, истакна еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР) од која дел е и МИА.  

Таа потенцира дека од вкупната сума од шест милијарди евра од Планот за раст, за земјава се предвидени 715 милиони евра, во чии рамки е и предфинансирањето од 52 милиони, од кои еден дел се исплатени директно во државниот буџет, а останатиот дел оди преку Инструментот за реформи и раст на Западниот Балкан. 

– Во тој поглед, не треба да се грижите за Македонија. Таа навистина е на добар пат, нагласи Кос. 

За жал, според неа, ова не може да се каже и за Босна и Херцеговина, која не може ни да се вклучи во Планот за раст, бидејќи се уште не ја доставила својата Реформска агенда до ЕК, ниту пак именувала свој главниот преговарач.  

– Знаете, работите кои се толку нормални или лесни во другите земји, во Босна, особено при сегашната институционална криза, се многу потешки, додаде Кос. 

Еврокомесарката потсети дека од вкупната сума на средства од Планот за раст една третина се грантови, а две третини заеми и тие средства се наменети за спроведување на реформите дефинирани со реформските агенди на секоја земја. Најголем дел од средствата се наменети за реформи во владеењето на правото, потоа за развој на бизнисите или деловното опкружување, за дигитализацијата, за транспортот, за енергија и за развивањето вештини.  

Според неа, интересна станува следната фаза кога врз основа на добиените извештаи за спроведените реформи ќе зависат идните исплати. 

– Затоа е толку важно за Босна да се договориме за реформската агенда, бидејќи следните исплати ќе зависат од тоа што е испорачано. Ако не го испорачаат договореното за одреден период, тогаш ќе добијат некаква можност за продолжување на рокот за да ги направат реформите. Но, во најлош случај, а се надеваме дека тоа нема да се случи, не можевме да ја направиме исплатата и овие пари може да ги користат другите држави, додаде Кос. 

Таа потсети и дека Самитот за Планот за раст на Западниот Балкан требаше да се одржи минатиот месец во Скопје, но беше одложен поради трагедијата во Кочани, па сега најверојатно ќе биде организиран во јуни, за кога Кос и најави дека ќе ја посети земјава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АА на Таравари со свои листи за советници, остануваат во коалицијата „Вреди“ и Владата
Следна Статија (Видео) Бајден го одржа својот прв говор откако ја напушти Белата куќа: „Трамп пука, па нишани“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Директор на училиште избркал од работа Наставник по физичко оти мислел дека е од СДСМ и го заменил со наставничка по македонски

Наставник по физичко воспитување кој работел 5 години во едно основно училиште, останал без работа, иако исполнувал услови и имал…

September 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Харис вети поддршка за македонските идентитет и јазик, Трамп најави економска соработка и безбедност

Доколку биде избрана за претседател на САД, потпретседателката и демократска кандидатка Камала Харис кажа дека ќе ги штити правата на…

November 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Видео: Ретка снимка од Скопје по земјотресот во 1963 година

На 26 јули 1963 година во 5:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес со 9 степени по Меркалиевата скала (6,1…

July 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

За две години институциите набавиле нови возила за 8,5 милиони евра, покажа истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Во истражување на Центарот за граѓански комуникации за набавка на патничките возила на државните институции во 2023 и во 2024…

March 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?