Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мартинките предвесник на пролетта
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Мартинките предвесник на пролетта
ЗАБАВА

Мартинките предвесник на пролетта

Објавено March 1, 2026 15:11
Сподели
Сподели

Денеска е 1 март – денот кога на рацете, околу вратот или на облеката се појавуваат црвено-белите плетенки познати како мартинки. Овој обичај, длабоко вкоренет во народната традиција, се практикува во Македонија, Бугарија, Романија, Грција и делови од Србија, а е поврзан со доаѓањето на пролетта, здравјето и заштитата од зло. Празникот во народниот календар е познат и како Баба Марта, Марта, Првна Марта, Летник или Мартинден.

Мартинката е изработена од усукани конци, најчесто волнени, во две основни бои: црвена и бела. Црвената ја симболизира крвта, животот и виталноста, а белата – чистотата, среќата и новиот почеток. Според традицијата, најстарата жена во семејството наутро на 1 март им врзува мартинки на децата „за здравје и против уроци“. Се верува дека среќа носи онаа мартинка што ќе ја добиете како подарок, па затоа роднините и пријателите си ги разменуваат меѓусебно.

Обичајот има статус на нематеријално културно наследство. Во 2017 година практиките поврзани со 1 март беа впишани на Репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото на УНЕСКО. Во Македонија мартинките се прогласени за културно наследство од особено значење со одлука од 2019 година, со што формално се потврдува нивната историска и етнолошка вредност.

Датирањето на обредот не може прецизно да се утврди. Станува збор за архаична пракса поврзана со култот кон природата и плодноста, присутна на Балканот со векови, а можеби и милениуми. Во народните верувања мартинката не е само украс, туку и заштита – „за од змии“, односно за човекот да биде безбеден преку летото. Во некои предели се верува дека не треба да ја види сонце, за да не „изгори“ носителот од летната жега.

Мартинките се носат сè додека не се види првата ластовица, штрк или процветано дрво, симболи на доаѓањето на пролетта. Потоа се симнуваат и се оставаат под камен или на гранка од трендафил. Според народното гатање, ако под каменот по извесно време има мравки, годината ќе биде бериќетна. Во некои краишта мартинката се пушта и во река, „да оди како што тече водата“.

Иако најчести се црвено-белите, постојат и варијанти со бело-црна, црвено-модра или бело-жолта комбинација, а во одредени региони се користат и памучни, ленени или свилени конци.

Според една легенда, празникот е поврзан и со древната Ксантика – празник на пролетта, љубовта и обновата, симболизиран токму со црвено-белата плетенка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 32 Products That Will Probably Confuse Regular People But Delight The Weirdos – BuzzFeed
Следна Статија Lenten Retreat: Bishop Varden reflects on ‘becoming free’ – Vatican News

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Утре е Светла среда, погледнете во небото: Еве што значи ако има облаци и дожд

Утре е Светла среда. Постарите велат дека на овој ден треба да се погледне во небото. Ако е ведро и…

April 22, 2025
ЗАБАВА

Хаос во Турција: Британски туристи добија ќотек во Мармарис- не ја платиле сметката (ВИДЕО)

Снимката ја прикажува групата, вклучувајќи жени, како е удирана со тупаници и клоцана од машки персонал во ресторанот „Мед Бојс“…

July 15, 2025
ЗАБАВА

Изненадување:Silksong победи на Годишната Steam награда

Hollow Knight: Silksong ја освои Steam наградата за Игра на годината, додека Hades II, Baldur's Gate 3 и Silent Hill…

January 5, 2026
ЗАБАВА

Под мразот на Антарктикот пронајден древен „изгубен свет“

Длабоко, на повеќе од 1,6 километри под дебелата ледена покривка на Источен Антарктик, научниците открија исклучително добро зачуван древен пејзаж…

June 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?