Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Маск алармира за падот на наталитетот: Или Европа ќе почне да има големи семејства или ќе продолжи да умира
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Маск алармира за падот на наталитетот: Или Европа ќе почне да има големи семејства или ќе продолжи да умира
СВЕТ

Маск алармира за падот на наталитетот: Или Европа ќе почне да има големи семејства или ќе продолжи да умира

Објавено July 14, 2025 18:46
Сподели
Сподели

Милјардерот Илон Маск повторно ја разгоре дискусијата за демографскиот пад во Европа со остро предупредување, истакнувајќи дека континентот „или ќе почне да формира големи семејства или ќе продолжи да изумира“.

Извршниот директор на Тесла го опиша овој тренд како потенцијална егзистенцијална криза за Европа.

Either Europe starts having large families or it will keep dying https://t.co/UNX72ZRn98

— Elon Musk (@elonmusk) July 14, 2025

Според податоците на Евростат, просечната стапка на фертилитет во Европската Унија во 2022 година паднала на 1,46 деца по жена, што е далеку под нивото од 2,1 дете потребно за одржување на населението без миграција.

Во 2023 година, во ЕУ биле родени 3,67 милиони бебиња, што претставува намалување од 5,4 отсто во споредба со 3,88 милиони во 2022 година, означувајќи го најголемиот годишен пад од 1961 година.

Вкупната стапка на фертилитет во 2023 година изнесувала 1,38 живородени деца по жена, во споредба со 1,46 во 2022 година.

Во 2023 година, Бугарија ја предводеше ЕУ со стапка на фертилитет од 1,81 дете по жена, следена од Франција (1,66) и Унгарија (1,55).

Најниски стапки беа забележани во Малта (1,06), Шпанија (1,12) и Литванија (1,18).

Просечната возраст на жените во ЕУ при раѓање на првото дете достигна 29,8 години и продолжува да расте.

Италија е на врвот со најстара просечна возраст на првородилки – 31,8 години, додека Бугарија, освен што има највисока стапка на фертилитет, има и најмлади првородилки со просечна возраст од 26,9 години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Радев вели дека Македонија самата се блокира на патот кон ЕУ
Следна Статија Од денеска сите државни институции можат да дојдат до возилата кои што се привремено или трајно одземени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

ВО ЖИВО:Благодaтниот оган во Ерусалим посилен од војната

Во Храмот на Светиот гроб во Ерусалим и денеска се појави Благодатниот оган, едно од чудата во православието што секоја…

April 11, 2026
СВЕТ

Украина за првпат лансираше британски ракети со долг дострел на руска територија

Украина за првпат лансираше британски ракети „Сторм сенка“ со долг дострел на руска територија, објавуваат западните медиуми, повикувајќи се на…

November 20, 2024
СВЕТ

Маск го донесе мијалникот во Белата куќа

Милијардерот Илон Маск кој отворено застана зад Доналд Трамп на претседателските избори во САД на својата мрежа X сподели хумористична…

November 6, 2024
СВЕТ

Се зголемија шансите астероидот „Убиец на градови“ да удри во Месечината во 2032 година

Астероид кој неодамна беше оценет како астероид со висок ризик од удар во Земјата, штотуку доби уште поголема оценка на…

June 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?