Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Маск објави фотографија од високо чуваното седиште на ЦИА, предизвикувајќи лавина коментари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Маск објави фотографија од високо чуваното седиште на ЦИА, предизвикувајќи лавина коментари
СВЕТ

Маск објави фотографија од високо чуваното седиште на ЦИА, предизвикувајќи лавина коментари

Објавено April 4, 2025 08:37
Сподели
Сподели

Илон Маск уште еднаш предизвика лавина реакции откако на социјалните мрежи објави фотографија од внатрешноста на седиштето на ЦИА, локација која вообичаено е строго забранета за јавноста.

На фотографијата се гледа како Маск стои во големото лоби на зградата на ЦИА во Вирџинија, на познатиот гранитен печат на Агенцијата од 16 метри.

Во неговото друштво има едно лице, што дополнително го зголеми чувството на мистерија околу објавата.

Маск не приложи никаков коментар или објаснување на објавата, што веднаш предизвика бројни теории на заговор и прашања од корисниците на Интернет. „Зошто ви е дозволено да бидете во зградата на ЦИА? напиша еден корисник. „Не знаев дека сте разузнавач или член на Конгресот. Како сте воопшто таму?“, додаде уште еден.

Имаше и такви кои се шегуваа.

„Не е првпат странец да влезе меѓу нив“. Некој рече дека фотографијата го потсетува на филмот Man in Black и објави и сцена од филмот.

Инаку, според официјалните правила на ЦИА, пристап до седиштето им е дозволен само на вработените во Агенцијата, додека јавните посети се строго забранети. Ниту музејот на ЦИА не е отворен за јавноста.

Исто така, мобилните телефони, фотоапаратите или какви било дигитални уреди не смеат да влезат во седиштето, а оние што ќе ги донесат мора да ги остават во возилото или да ги предадат на обезбедувањето на влезот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Австрија и Германија воведоа забрана за влез на Милорад Додик
Следна Статија САД ни воведе 33 отсто царина, Владата смирува, а експертите велат дека ќе има мал индиректен ефект

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Конечно: Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот

Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците, објави „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на…

January 15, 2025
СВЕТ

Зеленски во понеделник ќе отпатува за Вашингтон на разговори со Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделник ќе отпатува за Вашингтон на разговори со американскиот претседател Доналд Трамп, објави Зеленски на…

August 16, 2025
СВЕТ

Почина легендарниот екстремен спортист Феликс Баумгартнер, познат по скокот од „работ на вселената“!

Човек кој скокна со падобран од вселената и преживеа, почина 13 години подоцна додека летал со параглајдер на јадранскиот брег.…

July 17, 2025
СВЕТ

Трамп: Путин целосно полуде, нападите врз Украина ќе ја уништат Русија

Претседателот на САД Доналд Трамп го оквалификува својот руски колега Владимир Путин како „апсолутно ЛУД“. Во објава на социјалната мрежа…

May 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?