Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Масовен протест во Атина за двегодишнината од железничката несреќа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Масовен протест во Атина за двегодишнината од железничката несреќа
БАЛКАН

Масовен протест во Атина за двегодишнината од железничката несреќа

Објавено February 28, 2025 13:02
Сподели
Сподели

Илјадници граѓани уште од рано утрово ги исполнија улиците во центарот на Атина, како и плоштадот Синтагма за да испратат порака дека не ги забораваат жртвите во железничката несреќа кај Темпи пред две години, но и да го повторат нивното барање за правда, јави дописничката на МИА од Атина.

Иако протестот беше закажан за 11 часот по локално време, час и половина пред официјалниот почеток, плоштадот пред грчкиот Парламент беше веќе полн со граѓани на сите возрасти, млади, студенти, пензионери, семејства со деца.

Протестот започна со едноминутен молк, откако претходно беа прочитани имињата на сите 57 загинати.

Годишнината од несреќата се одбележува со 382 протести, од кои 262 во Грција и 120 во странство, а најголемите грчки синдикати за денеска закажаа генерален штрајк што буквално ја парализираше земјата.

Не функционира бродскиот, авионскиот и железничкиот сообраќај, дел од рестораните, таверните, кафулињата, ноќните клубови, театрите ќе бидат затворени, а учествуваат и адвокати, фармацевти, лекари, студенти, ученици, просветни работници и супермаркетите кои неколку часа ќе бидат затворени.

Бродовите се закотвени на пристаништата, железничкиот сообраќај ќе биде целосно во прекин, а поради штрајкот на контролорите на летање, откажани се сите летови од и кон Грција.

Јавниот превоз во Атина, односно автобусите, тролејбусите учествуваат во штрајкот и нема да сообраќаат, а единствено метрото ќе работи од 9 до 17 часот со цел да им овозможи на граѓаните да стигнат на протестот во центарот на градот.

Грчката метропола е и без такси превоз, со оглед на тоа што такси возачите организирани од нивниот синдикат учествуваат во штрајкот, меѓутоа преку иницијативата „такси на солидарноста“ – нешто што првпат се спроведува во Грција, на четири различни локации во Атина таксисти волонтери бесплатно ги пренесуваа граѓаните до плоштадот Синтагма каде што се одржа протестот.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, на конкретните локации имаше масовен одѕив на такси возачите кои имаа закачени црни балони и табела дека се дел од иницијативата за бесплатен превоз на граѓани до плоштадот Синтагма.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска: Дали францускиот амбасадор во Будимпешта му забележа на Орбан за истото тоа што го стори Македонија?
Следна Статија Мицкоски: ГОРД сум на инвестицискиот БУМ од Една МИЛИЈАРДА и 225 милиони евра, продолжуваме да работиме за граѓаните

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Вучиќ: Болшевички пленумци му нанесоа страшни повреди на полицаецот

Среде ноќ се огласи српскиот претседател Александар Вучиќ, а околу час и половина по инцидентот успеа да се фотографира со…

March 11, 2025
БАЛКАН

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари 2025 година

Советот на ЕУ денеска одлучи проверките на копнените шенгенски граници на Бугарија и Романија да бидат укинати од 1 јануари…

December 12, 2024
БАЛКАН

Видео) Демонстрантите во Чачак ја скршија вратата од локалното собрание и упаднаа во зградата

Синоќа во Чачак се одржа протест поради напад на студенти во тој град. Студентите на Техничкиот факултет во Чачак на…

March 24, 2025
БАЛКАН

(Видео) Тепачка во српскиот парламент

Во српскиот парламент дошло до физичка пресметка кога опозиционерите првин кренале транспаренти по усвојувањето на дневниот ред, а потоа се…

November 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?