Масовна тепачка на фудбалери во Србија, судијата досуди 10 црвени картони (ВИДЕО)

На дуел од пониските лиги во српскиот фудбал помеѓу домаќинот Полет и Напредок од Честерега, се случи масовна тепачка.

Домашниот тим победи со 3:1, а по завршување на натпреварот се случи масовна тепачка во која учествуваа играчите на двете екипи.

Судијата имаше многу работа и на крајот поделил дури 10 црвени картони, пишува Курир. Потоа реагирале полицајците кои ја смириле ситуацијата.

Сподели ја оваа статија