Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Масовниот прекин на струја на Пиринејскиот Полуостров предизвикан од дефект во меѓусекторската врска меѓу Франција и Шпанија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Масовниот прекин на струја на Пиринејскиот Полуостров предизвикан од дефект во меѓусекторската врска меѓу Франција и Шпанија
СВЕТ

Масовниот прекин на струја на Пиринејскиот Полуостров предизвикан од дефект во меѓусекторската врска меѓу Франција и Шпанија

Објавено April 29, 2025 08:34
Сподели
Сподели

Големиот прекин на електроснабдувањето што го парализираше Пиринејскиот Полуостров вчера, бил предизвикан од ненадејна загуба на 15 гигавати електрична енергија во шпанската мрежа во рок од само пет секунди, што доведе до дефект во меѓусекторската врска меѓу електропреносните мрежи на Шпанија и Франција. Според шпанскиот мрежен оператор РЕЕ, европските енергетски мрежи не се проектирани да издржат вакви нагли загуби, што резултираше со колапс на електроснабдувањето во Шпанија и делови од Португалија.

Едуардо Прието, раководител на системските операции на РЕЕ, изјави дека сериозниот дисбаланс во енергетското производство предизвикал прекин во врската меѓу шпанската и француската мрежа, што довело до масовниот прекин.

Претходно шпанскиот премиер Педро Санчез во телевизиско обраќање до нацијата рече дека „точните причини сè уште се истражуваат, и ниту една хипотеза не е исклучена“. Тој истакна дека половина од територијата на Шпанија повторно е со електрична енергија, откако мрежниот оператор успеал да ја стабилизира дистрибуцијата по голема хаварија што вчера го парализираше Пиринејскиот Полуостров.

Во останатите делови на земјата се очекува напојувањето да се воспостави во текот на денот.

Португалскиот премиер Луиш Монтенегро, пак, претходно рече дека нема индикации за кибернапад и очекува целосно обновување на електроснабдувањето во наредните часови.

Прекинот предизвика хаос во двете земји, со откажани летови, нарушувања во јавниот транспорт, затворени метро-системи во Лисабон, Порто и Мадрид, како и прекин на работата на семафорите. Болниците беа принудени да откажат планирани операции и да се потпрат на резервни генератори за итни случаи. Во Шпанија, автономните региони Мадрид, Андалузија и Естремадура побараа воведување на вонредна состојба, а шпанското Министерство за внатрешни работи прогласи вонредна состојба во овие области.

Обновувањето на електроснабдувањето започна вчера попладне во регионите на Баскија и Барселона, а подоцна и во Мадрид и центарот на Лисабон.

Во меѓувреме, паниката во Мадрид доведе до долги редици во супермаркетите и празни рафтови, додека дел од метрото беше евакуиран, откако граѓани останаа заглавени во вагони и лифтови. Банката на Шпанија соопшти дека електронското банкарство функционира преку резервни системи, иако граѓаните пријавуваа неисправни банкомати. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Експертите очекуваат оставка од претседателката на Антикорупциска
Следна Статија Тепачка меѓу кошаркарите на Голден Стејт и Хјустон (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп и Стармер разговараат по вонредни денови

Лидерите разговараат телефонски по брз меѓународен ангажман на администрацијата на Трамп, пишува политичкиот уредник на ВВС.

January 9, 2026
СВЕТ

(Видео) Украина со дронови го нападна Грозни, Кадиров најави жестока одмазда

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави дека руските сили извршиле ракетен напад врз украинскиот град Харков како одговор на утринскиот напад…

December 15, 2024
СВЕТ

(Видео) Снимен моментот на земјотресот во Истанбул во емисија во живо, новинарката во паника

Моментот на земјотресот во Истанбул со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала беше снимен во емисија во живо. На…

April 23, 2025
СВЕТ

Трамп: Очекувам разговор со Путин за да се реши конфликтот во Украина

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека очекува да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да се…

December 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?