Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мајката до судиите кои ѝ го одзедоа детето: Дали сте свесни какви трауми ќе предизвикате кај тоа дете?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мајката до судиите кои ѝ го одзедоа детето: Дали сте свесни какви трауми ќе предизвикате кај тоа дете?
МАКЕДОНИЈА

Мајката до судиите кои ѝ го одзедоа детето: Дали сте свесни какви трауми ќе предизвикате кај тоа дете?

Објавено May 5, 2025 12:13
Сподели
Сподели

Невена Спасеска, мајка од Скопје, на која судот во Охрид, а потоа и во Битола и го одзедoa четиригодишното дете по разводот со сопругот од Охрид, без да неведaт конкретен аргумент против неа, проговори јавно со прашање до судиите дали се свесни какви трауми ќе предизвикаат кај детето поради нивните комплетно неоправдани одлуки.

Таа помина низ „инквизициски процес“ на охридско-битолското судство, за кое често се споменува дека правдата е последното нешто што таму може да се најде. Судот во Охрид, а потоа и во Битола, во премногу сомнителна и очигледно по образложението на пресудите, наместена постапка ѝ го одзедоа старателството на мајката. Пресудија да се даде на таткото од Охрид, со апсурдни образложенија дека е подобро да биде со него зошто има пари, дека детето треба да е кај таткото зошто имаат ист пол, до тоа дека помалите места се подобри за одгледување дете. За мајката нема ништо во пресудата. Судиите кои се потпишаа на ваквите пресуди се Ефтим Попевски од Охрид и Жаклина Доведен, која по донесувањето на пресудата стана претседателка на Апелациониот суд во Битола.

Врховниот суд сега има шанса и прилика да ја исправи неправдата и насилието направено врз една мајка, на која неправедно ѝ се одзема детето. Таму е поднесена ревизија, и Врховниот суд е тој што треба да цени дали има суштествени и повреди на материјалното право.

„Искрено сакам да кажам дека многу е тежок и болен самиот процес на прифаќање на разводот сам по себе и на еден нов живот на сам родител, меѓутоа за жал мојата борба не завршува овде бидејќи од таму од каде што дојдов и завршив една приказна носам сѐ уште стравови бидејќи сѐ уште се присутни, со тоа што во текот на целиот процес на еден развод се повторуваат истите закани, истите стратегии, истите дела, само за да се одземе моето дете. Се прашувам каков е тој еден судски систем едно општество кое си зема за право да даде одлука која е за одземање на дете од мајка, а притоа да нема ниту еден релевантен аргумент за истото за да го направи тоа и дали е таа одлука само врз база на едни лажни изјави кои се презентирани само од едната страна за која цел е многу јасна. Поставувам прашање до истите судии и до тој родител како може, дали се свесни при ваква одлука, при вакво донесување, при ваков став, колку можат да предизвикаат страв кај едно дете кое е само на четиригодишна возраст и кое е навистина многу поврзано со мене како мајка уште од самиот почеток, познавајќи се себеси и познавајќи го моето дете што може да му се предизвика и каква траума може да се придонесе.. Да се оддели дете, самиот факт да се оддели дете од една мајка.. Дали е ова порака кон сите жени пред се мајки да едноставно да задржат еден лош брак само за да не си ги изгубат своите деца, значи почнувајќи од мојата слика до она што јас наназад го собирав и сеуште.. Искрено се надевам дека сеуште има совесни и чесни луѓе во Врховен суд бидејќи мојот предмет сега е таму и дека се отпорни на секаков вид влијанија и поткуп и ќе имаат можност ваквиот начин на донесување одлуки кои се целосно под притисок и корумпираност да го променат, изјави Невена Спасеска, мајка на четиригодишното дете кое судот и го одзеде без ниеден аргумент.

Целиот текст на А1он

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Господинот тајминг“ на сцената: Како Ворен Бафет уште еднаш покажа дека има совршено чувство за бизнис
Следна Статија „Скајп“ заминува во историјата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Митева: Усвоена е Програмата за работа на Владата за 2026 година, јасно дефинирани приоритетите и визијата за развој

Владата на денешната седница ја усвои Програмата за работа на Владата за 2026 година која претставува стратешки, сеопфатен и реформски…

February 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Во ракетен напад погодена Амбасадата на Македонија во Киев

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев. Воедно, информираме…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Владата одлучи: Седумдневна жалост на територија на Македонија, вонредна инспекција на сите угостителски објекти

Владата ја започна денешната седница со едно минутно молчење со цел да им се оддаде почит на трагично загинатите лица…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Антонио Кошта денеска во Скопје, потоа заедно со Мицкоски во Тирана со лидерите на Западен Балкан

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта како дел од неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, денеска ќе престојува во…

May 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?