Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мајка и две деца, починаа од труење со храна во Истанбул – истрагата е засилена, уапсени се уште три лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Мајка и две деца, починаа од труење со храна во Истанбул – истрагата е засилена, уапсени се уште три лица
СВЕТ

Мајка и две деца, починаа од труење со храна во Истанбул – истрагата е засилена, уапсени се уште три лица

Објавено November 16, 2025 12:51
Сподели
Сподели

Турската полиција уапси уште три лица откако една Германка и нејзините две деца починаа од труење со храна додека беа на одмор во хотел во Турција.

Во полициското соопштение се вели дека менаџерот и две лица кои вршеле дезинфекција во хотелот каде што престојувале починатите членови на семејството се уапсени. Со ова вкупниот број на апсења во случајот се искачи на седум.

Истрагата што ја започна Главното јавно обвинителство во Истанбул против четворица осомничени приведени во петокот по смртта на мајка и нејзините две деца продолжува.

За сопственикот на хотелот, Х.О., кој беше приведен како дел од истрагата, беше утврдено дека има две кривични досиеја за „намерна телесна повреда“ и „неплатена отштета“.

Осомничените продавачи на улична храна ги негираа обвиненијата, велејќи дека долго време работеле во областа и дека нивните производи се свежи.

Сервет и Чигдем Бечек и нивните деца Кадир Мухамет (6) и Масал (3), кои пристигнаа во Истанбул од Германија на 9 ноември и престојуваа во хотел во Фатих, беа однесени во болница на 12 ноември откако се пожалија на гадење и повраќање.

Лекарите не можеа да ги спасат животите на двете деца, а мајката исто така почина во петокот, додека таткото е во критична состојба. Жената, нејзиниот сопруг, шестгодишниот син и тригодишната ќерка, сите од турско потекло, беа примени во болница со симптоми на труење во среда, 12 ноември.

Хотел во историскиот центар на Истанбул беше евакуиран во саботата по смртта на тројца членови на турско-германско туристичко семејство, по сомнеж за труење со пестициди, објавија локалните медиуми, пренесе „Бета“.

Медиумите ја испитаа храната што наводно ја јадело семејството, сомневајќи се на труење со храна. Ресторанот каде што семејството ручало е затворен. Двајца други туристи кои престојувале во истиот хотел, чии имиња не се објавени, беа хоспитализирани денес откако се чувствувале лошо, а потоа повраќале.

Истражителите открија дека неодамна било прскано со пестициди во соба на приземјето од хотелот, објави денес весникот „Хуриет“. Полицијата уапси еден вработен во хотелот и двајца работници во одделот за контрола на штетници, со што бројот на приведени лица во врска со случајот се искачи на седум, додаде весникот.

Четири лица веќе се уапсени во истрагата под сомнение за труење. Сите гости се преместени во други хотели, објавија медиумите, без да прецизираат колку луѓе биле засегнати.

Досега е утврдено дека тие консумирале храна и пијалаци купени на улица, во продавница и во хотелот каде што престојувале претходниот ден.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Брза железница до 2035 година меѓу Белград и Загреб, ќе се стигнува за четири часа
Следна Статија Николоски на Виенски економски форум, ќе ги презентира економските политики на Владата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Околу 90 камиони со помош влегле во Газа

Околу 90 камиони со хуманитарна помош синоќа влегле во Појасот Газа и биле префрлени во центрите на ОН низ Појасот,…

May 22, 2025
СВЕТ

Трамп: Блиску сме до договор со Харвард, ќе платат 500 милиони долари

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека неговата администрација е блиску до договор со Универзитетот Харвард и рече дека таа…

October 1, 2025
СВЕТ

Пазарите очекуваат „нафтен шок“ од американско-израелскиот напад врз Иран штом берзите се отворат во понеделник

Израел и САД рано утрово започнаа напад врз Иран, за кој американскиот претседател Доналд Трамп вели дека е дел од…

February 28, 2026
СВЕТ

(Видео) Спасувачите ги извлекуваат мртвите бебиња од поплавите: апокалиптични сцени од Шпанија

Спасувачите во Шпанија ги извлекуваат мртвите бебиња од поплавите што ја зафатија таа европска земја. Досега се извлечени телата на…

October 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?